AEG BS9314401M Recipe Book Page 22

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 32
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 21
Измесете тесто од брашното од крупник,
урдата со ниска масленост и малку сол и
ставете го во фрижидер.
Исечете ја белата зелка на ситни ленти.
Сланината исечете ја на коцки и пржете ја во
пречистениот путер. Додадете ја зелката и
пржете додека да омекне. Зачинете со сол,
црн пипер и мускатно оревче и внимателно
додадете ја киселата павлака.
Нека крчка додека да испари целата течност.
Јацата сварете ги тврдо и откако ќе се
изладат, исечете ги на коцки, измешајте ги со
зелката и оставете да се олади.
Размесете го тестото и исечете кругови со
дијаметар од 8 см.
Ставете малку од филот на средината на
секое кругче и преклопете. Залепете ги
рабовите со притискање со вилушка.
Ставете ги пирошките во плех обложен со
пергамент хартија за печење и премачкајте ги
со жолчка од јајце.
Време во апаратот: 20 минути
Положби на решетките: 3
ЃУВЕЧ/ПОТПЕЧЕНИ ЈАДЕЊА
Лазањи
Состојки за сосот со месо:
100 г сланина од пафлак
1 кромид
1 морков
100 г целер
2 супени лажици маслиново масло
400 г мелено месо (мешавина од јунешко и
свинско)
100 мл бујон од месо
1 мала конзерва домати, на парчиња
(околу 400 г)
оригано, мајчина душичка, сол и црн пипер
Состојки за сосот бешамел:
•75 г путер
50 г брашно
600 мл млеко
сол, црн пипер и мускатно оревче
Ставете ги заедно со:
3 супени лажици путер
250 г зелени листови за лазањи
50 г пармезан, рендан
50 г меко сирење, рендано
Метод:
Со остар нож, отстранете ги кората
и ’рскавицата од сланината и исечкајте ја на
ситни коцки. Излупете ги кромидот и
морковот, исчистете го целерот, исечкајте го
сиот зеленчук на ситни коцки.
Загрејте го маслото во тава и мешајќи
постојано запржете ги сланината и зеленчукот
исечкан на коцки.
Постепено додавајте го меленото месо,
запржете го со постојано мешање додека не
стане зрнесто и додајте го бујонот од месо за
да се растворат соковите. Зачинете го сосот
од месо со пирето од домат, билките, солта и
црниот пипер и варете го покриен на тивок
оган околу 30 минути.
Во меѓувреме, подгответе го бешамелот:
Растопете го путерот во тава, додајте го
брашното и со постојано мешање пржете
додека не добие златна боја. Постепено и со
постојано мешање налејте го млекото.
Зачинете го сосот со сол, црн пипер и
мускатно оревче и варете го отворено околу
10 минути.
Премачкајте голем правоаголен огноотпорен
сад со 1 супена лажица путер. Наизменично,
во слоеви, редете ги во садот листовите од
тестенината, сосот од месо, бешамелот и
измешаното сирење. Последниот слој треба
да биде бешамел посипан со сирење.
Остатокот од путерот наредете го во мали
парчиња врз јадењето.
Време во апаратот: 55 минути
Ниво: 1
Додадете 300 мл вода во фиоката за вода
Канелони
Состојки за филот:
50 г кромид, сечкан
•30 г путер
350 г спанаќ, сечкан
100 г кисела павлака
200 г свеж лосос, сечкан на коцки
200 г гргеч, сечкан на коцки
150 г шкампи
150 г месо од школки
•сол, црн пипер
Состојки за сосот бешамел:
•75 г путер
50 г брашно
600 мл млеко
сол, црн пипер и мускатно оревче
Ставете ги заедно со:
22
www.aeg.com
Page view 21
1 2 ... 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 ... 31 32

Comments to this Manuals

No comments