AEG BS9314401M Recipe Book Page 18

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 32
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 17
Ниво: 3
Додадете 500 мл вода во фиоката за вода
Капучино торта
За мешавината:
100 г омекнат путер
•90 г шеќер
•2 жолчки
семки од едно стапче ванила
2 супени лажици инстант кафе (растворено
во 50 мл жешка вода)
•2 белки
50 г брашно
50 г пченкарно брашно
1 / 2 лажичка прашок за пециво
За сосот:
250 мл сок од портокал
•50 г шеќер
1 прстофат цимет
20 мл ликер од портокал
За преливот:
200 мл изматен шлаг за украсување
Друго:
6 мали чинивчиња или чаши намачкани со
путер
Метод:
Изматете ги заедно путерот, шеќерот,
жолчките, семето од стапчето ванила, а потоа
измешајте ги со раствореното кафе. Изматете
ги белките. Просејте ги брашното, нишестето
и прашокот за пециво низ сито и додајте ги во
мешавината во слоеви со белките и
промешајте. Ставете ја мешавината во
чиничиња или чашки намачкани со путер.
Време во апаратот: 40 минути
Ниво: 3
Додадете 600 мл вода во фиоката за вода
После печењето:
Ставете ги сокот од портокал, шеќерот,
циметот и ликерот од портокал во тава и
варете додека не се направи сируп.
Превртете ги топлите тортички на чинија за
десерт, украсете со сосот и шлагот.
Пита со цреши
Состојки:
500 г леб
750 мл млеко
1 прстофат сол
•80 г шеќер
•4 јајца
•2 тегли вишни
•50 г путер
Друго:
Тепсија за печење, подмачкана
Метод:
Исечете го лебот на парчиња. Измешајте ги
заедно млекото, солта, шеќерот и јајцата и
налејте ги над лебот, измешајте и оставете
добро да накисне. Исцедете ги вишните и
додадете ги во мешавината. Ставете ја
смесата во подмачкан сад за печење.
Ставете парчиња путер над смесата.
Време во апаратот: 45 минути
Ниво: 2
Додадете 400 мл вода во фиоката за вода
Тортички со сливи (6 парчиња)
За тестото (состојките треба да бидат на
собна температура):
125 мл млеко
•20 г шеќер
1 мало пакетче сув квасец (8 g сув квасец
или 42 g свеж квасец)
300 г брашно
•30 г шеќер
•30 г путер
•1 жолчка
1 цело јајце
1 пакетче ванилин шеќер (околу 8 g)
малку цеден сок од лимон
•џем од сливи
После готвењето:
•50 г путер
50 g мелен афион
шеќер во прав
Друго:
мрсен сад
Метод:
Ставете ги млекото и шеќерот во тава и
загрејте ги малку на рингла. Додајте го сувиот
квасец и промешајте. Потоа оставете да стои
околу 30 минути. Ставете ги брашното,
шеќерот, путерот, жолчката, целото јајце,
ванилиниот шеќер и сокот од лимон во сад за
матење. Додајте ги млекото и квасецот и
замесете тесто. Покријте го тестото со крпа и
оставете го да нарасне 45 минути. Потоа, со
лажица вадете од тестото кнедли (околу 80 г),
сплескајте ги со раката и наполнете ги со 1
18
www.aeg.com
Page view 17
1 2 ... 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 ... 31 32

Comments to this Manuals

No comments