AEG BS9314401M Recipe Book Page 16

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 32
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 15
1 / 2 лажичка мелен ѓумбир
1 лажичка прашок за пециво
200 г ситно изрендани моркови
75 г суво грозје
25 г мелен кокос
Состојки за преливот:
•50 г путер
150 г крем-сирење
40 г шеќер во кристали
мелени лешници
Друго:
Тркалезен плех за печење со дијаметар од
22 см со калап што се отвора, подмачкан
Метод:
Изматете ги заедно сончогледовото масло,
кафеавиот шеќер, јајцата и сирупот. Во
смесата полека додајте ги и другите состојки.
Ставете ја смесата во подмачканиот плех за
печење.
Време во апаратот: 55 минути
Ниво: 3
После печењето:
Изматете ги путерот, слатката павлака и
шеќерот во кристали (ако е потребно, додајте
малку млеко за лесно да се премачкува).
Нанесете го врз колачот кога ќе се излади и
посипете мелени лешници одозгора.
Торта со моркови (верзија 2 - швајцарски
рецепт)
Состојки за мешавината:
•4 белки
1 прстофат сол
80 г шеќер во прав
120 г шеќер
200 г ситно изрендани моркови
200 г ситно исечкани бадеми
1 лимон, сок од лимон и изрендана кора
1 супена лажица шери ликер
1 / 2 лажичка цимет
60 г брашно
1 / 2 лажичка прашок за пециво
Состојки за преливот:
150 г шеќер во прав
1 супена лажица шери ликер
12 декоративни моркови од марципан
мелени лешници
Друго:
Плех за печење торта со калап што се
отвора и со дијаметар од 26 см, подмачкан
и со дното обложено со хартија за печење.
Метод:
Изматете ги белките со сол додека не се
згуснат, додајте го шеќерот во прав и
изматете го со белките. Изматете ја жолчката
со шеќерот и додајте ги другите состојки.
Додате четвртина од изматените белки во
жолчките и потоа внимателно измешајте го
преостанатото количество од белките со
мешавината. Ставете го тестото во
подготвениот плех за печење и израмнете го.
Време во апаратот: 55 минути
Ниво: 3
После печењето:
Оставете ја тортата да се излади. Ви
препорачуваме подготовките да ги направите
еден или два дена порано и да ги чувате
покриени во фрижидер. За глазурата којашто
се прелева одозгора, измешајте го шеќерот
во прав со шерито. Додадете вода ако е
потребно. Покријте ја тортата со глазурата и
украсете ја со морковите од марципан.
Колач со бадеми
Состојки за мешавината:
•5 јајца
200 г шеќер
100 г марципан
200 мл маслиново масло
450 г брашно
1 супена лажица цимет
1 пакетче прашок за пециво (околу 15 г)
50 г сечкани ф’стаци
125 г мелени бадеми
300 мл млеко
Состојки за преливот:
200 г џем од кајсии
5 супени лажици шеќер во прав
1 лажичка цимет
2 супени лажици топла вода
тенко сечкани бадеми
Друго:
Плех за печење со дијаметар од 28 см со
калап што се отвора
Метод:
Изматете ги заедно јајцата, шеќерот и
марципанот 5 минути, а потоа полека
додавајте маслиново масло.
Измешајте ги заедно брашното, циметот и
прашокот за пециво, а потоа додајте ги
16
www.aeg.com
Page view 15
1 2 ... 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 ... 31 32

Comments to this Manuals

No comments