AEG BS9314401M Recipe Book Page 6

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 32
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 5
биде потопен во 10 - 20 mm течност. Покријте
го со капак.
Ниво во рерната: 1
Зајак
Состојки:
2 зајачки грба
6 боровинки (згмечени)
сол и црн пипер
30 g стопен путер
125 ml кисела павлака
супа од зеленчук (морков, праз, целер,
магдонос)
Метод:
Истријте ги зајачките грбови со згмечените
боровинки, солта и црниот пипер и
премачкајте ги со стопениот путер.
Ставете ги зајачките грбови во тава за
печење, додадете ја киселата павлака и
супата од зеленчук.
Време во апаратот: 35 минути
Ниво: 1
Зајак во сенф
Состојки:
2 зајака, секој по 800 g
сол и црн пипер
2 супени лажици маслиново масло
2 крупно исечкани кромида
50 g сланина исечкана на коцки
2 супени лажици брашно
375 ml пилешка супа
•125 ml бело вино
1 супена лажица свежа мајчина душичка
125 ml слатка павлака
2 супени лажици сенф Дижон
Метод:
Исечете ги зајаците на 8 парчиња со слична
големина, зачинете ги со сол и црн пипер и
запржете ги од сите страни во тавче на
рингла.
Извадете ги парчињата зајак и испржете ги
кромидот и сланината. Одозгора попрскајте
со брашно и измешајте. Додајте ги со
мешање пилешката супа, белото вино и
мајчината душичка и оставете да зоврие.
Додајте ја слатката павлака и сенфот Дижон,
вратете го месото внатре, покријте го со капак
и ставете го јадењето во апаратот.
Време во апаратот: 90 минути
Ниво: 1
Дива свиња
За подготвување на маринадата:
1,5 l црвено вино
150 g целеров корен
150 g моркови
2 главички кромид
5 ловорови листови
•5 чешниња
2 снопчиња зеленчук за супа (морков, праз,
целер, магдонос)
Ставете ги заедно да зовријат, а потоа
оставете ги да се оладат.
1,5 kg бут од дива свиња (плешка)
Истурете ја маринадата врз месото да го
прекрие и оставете го да се маринира 3
дена.
Состојки за печењето:
•сол
црн пипер
супа од зеленчукот од маринадата
1 мала конзерва лисичарки
Метод:
Извадете го бутот од дива свиња од
маринадата и исушете го. Зачинете го со сол
и црн пипер и запржете го од сите страни во
тавче на рингла. Додадете ги лисичарките и
малку супа од зеленчук од маринадата.
Ставете маринада во тавата за печење.
Долниот дел од месото треба да биде
потопен во 10 - 15 мм течност. Покријте ја
тавата за печење со капак и ставете ја во
апаратот.
Време во апаратот: 140 минути
Ниво: 1
Печено јагнешко
Поставки:
Автоматско мерење на тежината.
Поставување на опсег на тежината на
јадењето од 1000 до 3000 g.
Метод:
Зачинете го месото по вкус и ставете го во
огноотпорен сад. Додадете вода или друга
течност; долниот дел од месото треба да
биде потопен во 10 - 30 mm течност. Покријте
го со капак.
Ниво во рерната: 1
6
www.aeg.com
Page view 5
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 ... 31 32

Comments to this Manuals

No comments