AEG BS9314401M Recipe Book Page 23

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 32
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 22
1 пакетче канелиони
50 г пармезан, рендан
150 г рендано сирење
•40 г путер
Метод:
Ставете ги кромидот и путерот во тава и
гответе ги полека додека не станат проѕирни.
Додајте ги сечканите листови спанаќ и варете
ги кратко и на тивок оган. Додајте ја киселата
павлака, промешајте и потоа оставете да се
излади.
Во меѓувреме, подгответе го бешамелот:
Растопете го путерот во тава, додајте го
брашното и со постојано мешање пржете
додека не добие златна боја. Постепено и со
постојано мешање налејте го млекото.
Зачинете го сосот со сол, црн пипер и
мускатно оревче и варете го отворено околу
10 минути.
Додајте ги лососот, гргечот, шкампите и
месото од школки во изладениот спанаќ и
измешајте.
Премачкајте голем правоаголен огноотпорен
сад со 1 супена лажица путер.
Наполнете ги канелионите со мешавината од
спанаќ и ставете ги во сад за печење.
Ставете бешамел меѓу секој ред канелони.
Последниот слој треба да биде бешамел
посипан со сирење. Остатокот од путерот
наредете го во мали парчиња врз јадењето.
Време во апаратот: 55 минути
Ниво: 1
Додадете 300 мл вода во фиоката за вода
Потпечени компири
Состојки:
1000 г компири
По 1 лажичка сол, пипер и мускатно оревче
•2 чешниња лук
200 г рендано сирење
200 мл млеко
200 мл слатка павлака
4 супени лажици путер
Метод:
Излупете ги компирите, исечете ги тенко,
исушете ги и потоа зачинете ги.
Истријте огноотпорен сад за печење со едно
чешне лук, па намачкајте го со малку путер.
Распоредете ги половината од зачинетите
парчиња компир во садот и посипете малку
од ренданото сирење врз нив. Наредете го
преостанатиот компир врз тоа и распоредете
го преостанатото рендано сирење одозгора.
Згмечете го второто чешне лук и измешајте го
со јајцата, млекото и слатката павлака.
Истурете ја мешавината врз компирите и
распоредете го остатокот од путерот во мали
грутки врз јадењето.
Време во апаратот: 65 минути
Ниво: 2
Додадете 200 мл вода во фиоката за вода
Мусака (за 10 лица)
Состојки:
1 исечкан кромид
маслиново масло
1,5 кг мелено месо
1 мала конзерва сечкани домати (400 г)
50 г рендано сирење
4 лажички лебни трошки
сол и црн пипер
цимет
1 кг компири
1,5 кг модар патлиџан
•путер за пржење
Состојки за сосот бешамел:
•75 г путер
50 г брашно
600 мл млеко
сол, црн пипер и мускатно оревче
Ставете ги заедно со:
150 г рендано сирење
4 супени лажици лебни трошки
•50 г путер
Метод:
Динстајте го исечканиот кромид на малку
маслиново масло, потоа додадете го
меленото месо и гответе мешајќи.
Додадете ги сечканите домати, ренданиот
ементалер и лебните трошки, добро
промешајте и оставете да зоврие. Потоа
зачинете со сол, црн пипер и цимет и тргнете
го од ринглата.
Излупете ги компирите и исечете ги на
тркалца дебели 1 см, измијте ги модрите
патлиџани и исечете ги на тркалца дебели 1
см.
Исушете ги сите тркалца со кујнска хартија.
Потоа пржете ги во тавче со многу путер.
Во меѓувреме, подгответе го бешамелот:
растопете го путерот во тава, додајте го
брашното и со постојано мешање пржете
додека да добие златна боја. Постепено и со
постојано мешање налејте го млекото.
МАКЕДОНСКИ 23
Page view 22
1 2 ... 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 ... 31 32

Comments to this Manuals

No comments