AEG BS9314401M Recipe Book Page 25

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 32
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 24
Излупете кромид и ситно исецкајте го,
пропржете го на малку путер, а потоа ставете
го во тавата врз месото.
Измешајте темно пиво, кафен шеќер, доматно
пире и говедска супа, ставете го сето тоа во
тавче и оставете да зоврие. Потоа истурете
врз месото (месото треба да е прекриено).
Поклопете и ставете го во апаратот.
Време во апаратот: 120 минути
Ниво: 3
Ѓувеч со зелка
Состојки:
1 зелка (800 г)
мајоран
1 кромид
масло за брзо пропржување
400 г мелено месо
250 г ориз со долго зрно
сол, црн пипер и црвен пипер
1 литар супа од месо
200 г милерам
100 г рендано сирење
Метод:
Исечете ја зелката на четвртини и извадете
го кочанот. Бланширајте ја во солена вода
зачинета со мајорам.
Излупете го кромидот, ситно исечкајте го и
пропржете го на малку масло. Потоа додајте
ги меленото месо и оризот со долго зрно,
пропржете и зачинете со сол, црн пипер и
црвен пипер. Додадете го бујонот од месо и
оставете го поклопено да крчка 20 минути.
Ставете слоеви зелка и ориз / мелено месо во
садот.
Најгоре ставете го милерамот и посипете
сирење врз јадењето.
Време во апаратот: 60 минути
Ниво: 2
Додадете 300 мл вода во фиоката за вода
ГАРНИР
Зеленчук, медитерански
Состојки:
200 g тиквички
1 црвена пиперка
1 зелена пиперка
1 жолта пиперка
100 g печурки
2 главички кромид
150 g шери домати
зелени и црни маслинки
Метод:
Измијте го и исечкајте го зеленчукот на
парченца. Излупете го кромидот и исечете го
на ленти. Ставете го зеленчукот во стаклен
сад. Ставете го садот во апаратот. Исечете ги
маслинките на резанки. По готвењето,
зачинете го зеленчукот со сол. црн пипер,
босилок и оригано според вкус.
Време во апаратот: 30 минути
Ниво: 3
Додадете 600 мл вода во фиоката за вода
Зеленчук, традиционален
Состојки/Метод:
Ставете ги заедно следниве зеленчуци
според вкус, околу 750 г вкупно.
келераба, излупена и исечена на ленти
моркови, излупени и исечени на коцки
карфиолот измијте го и издвојте го на
цветови
кромидот измијте го и исечете го на
резанки
зелјето излупете го и исечете го на резанки
целерот исчистете го и исечето го на коцки
празот исчистете го и исечете го на
резанки
После готвењето:
•50 г путер
ако сакате, црн пипер и сол
Метод:
Наредете ги зеленчуците во чинија од
не’рѓосувачки челик или во стаклен сад со
дупчеста влошка. По готвењето, прелејте ги
со течен путер и евентуално посипете ги со
црн пипер и сол, ако е потребно.
Време во апаратот: 35 минути
Ниво: 3
Додадете 650 мл вода во фиоката за вода
Излупени домати
Метод:
Расечете крст врз доматите, ставете ги во сад
за парење и ставете ги во апаратот. На крајот
од готвењето, отстранете ја лушпата од
доматите.
Време во апаратот: 10 минути
МАКЕДОНСКИ 25
Page view 24
1 2 ... 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32

Comments to this Manuals

No comments