AEG BS9314401M Recipe Book Page 19

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 32
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 18
лажичка џем од сливи. Повлечете ги краевите
од тестото нагоре и покријте го џемот со
тестото и оформете го во топче. Ставете ги
топчињата во подмачкан сад, покријте ги и
оставете ги да нараснат уште 45 минути, а
потоа ставете ги во апаратот.
Време во апаратот: 35 минути
Ниво: 2
Додадете 500 мл вода во фиоката за вода
ПИЦА/ПИТА/ЛЕБ
Пица
Состојки за тестото:
14 г квасец
•200 мл вода
300 г брашно
•3 г сол
1 супена лажица масло
Состојки за филот:
1/2 мала конзерва домати, сечкани (200 г)
200 г рендано сирење
100 г салама
100 г варена шунка
150 г печурки (конзервирани)
150 г фета сирење
•оригано
Друго:
Тепсија за печење, подмачкана
Метод:
Издробете го квасецот во чинија и растопете
го во вода. Ставете ја солта во брашното и со
маслото додадете ги во садот.
Месете ги состојките додека не се добие
изедначено тесто кое се одвојува од чинијата.
Покријте го тестото и оставете го да нарасне
на топло место додека не стане двојно
поголемо.
Расукајте го тестото и ставете го во
подмачкан плех за печење, избодете го од
долу со вилушка.
Ставајте ги состојките за филот врз тестото
по дадениот редослед.
Време во апаратот: 25 минути
Положби на решетките: 1
Солен колач со кромид
Состојки за тестото:
300 г брашно
20 г квасец
125 мл млеко
•1 јајце
•50 г путер
3 г сол
Состојки за филот:
750 г кромид
250 г сланина
•3 јајца
250 г кисела павлака
125 мл млеко
1 кафена лажичка сол
1/2 кафена лажичка мелен црн пипер
Метод:
Просејте го брашното во чинија за мешање,
направете дупка во средината.
Исечете го квасецот, ставете го во дупката,
измешајте го со млекото и со малку брашно
од работ. Наросете брашно, оставете го да
кисне на топло место додека наросеното
брашно на квасецот не испука.
Ставете ги јајцето и путерот на работ од
брашното. Сето заедно изработете го во
изедначено тесто со квасец.
Оставете го тестото да нарасне на топло
место додека не стане двапати поголемо.
Во меѓувреме, излупете го и исечете го
кромидот на четвртинки и потоа исечете го на
тенки резанки.
Исечете ја сланината на коцки и пржете ја на
тивок оган со кромидот, но да не се препржи.
Оставете ја да се излади.
Расукајте го тестото и ставете го на
подмачкан плех за печење, избодете го од
долу со вилушка и притиснете ги рабовите да
се подигнат. Оставете го повторно да
нарасне.
Измешајте ги заедно јајцата, киселата
павлака, млекото, солта и црниот пипер.
Нанесете ги изладениот кромид и сланината
на основата на тестото. Ставете ја
мешавината насекаде и израмнете.
Време во апаратот: 45 минути
Положби на решетките: 1
Француски киш
Состојки за тестото:
200 г брашно
•2 јајца
100 г путер
1/2 кафена лажичка сол
малку црн пипер
МАКЕДОНСКИ 19
Page view 18
1 2 ... 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 ... 31 32

Comments to this Manuals

No comments