AEG BS9314401M Recipe Book Page 13

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 32
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 12
Ставете путер, шеќер, ванилин шеќер и сол
во чинија за матење и изматете ги заедно.
Додавајте ги јајцата едно по едно и повторно
изматете ја мешавината. Постепено
додавајте го брашното, измешано со
прашокот за пециво, кон пенестата маса и
лесно вмешајте го.
Измешајте го и овошјето во мешавината.
Ставете ја мешавината во подготвениот плех
и подигнете ја мешавината малку погоре кај
работ отколку во средината. Украсете ги
работ и средината на колачот со целите
излупени бадеми. Ставете го колачот во
апаратот.
Време во апаратот: 100 минути
Ниво: 1
Streusel Торта
Состојки за тестото:
375 г брашно
20 г квасец
150 мл млако млеко
•60 г шеќер
1 прстофат сол
•2 жолчки
75 г омекнат путер
Состојки за трошките:
200 г шеќер
200 г путер
1 лажичка цимет
350 г брашно
50 г сечкани ореви
30 г стопен путер
Метод:
Просејте го брашното во чинија за мешање,
направете дупка во средината. Пресечете го
квасецот, ставете го во дупката, измешајте го
со млекото и со малку брашно од работ,
попрскајте со брашно, оставете да нарасне на
топло место додека брашното попрскано на
тестото не покаже пукнатини.
Ставете ги шеќерот, жолчките, путерот и
солта на работ од брашното. Сето заедно
измесете го во изедначено квасно тесто.
Оставете го тестото да нарасне на топло
место додека не стане двапати поголемо.
Потоа исукајте го тестото и положете го во
подмачкан плех за печење и оставете го
повторно да нарасне.
Ставете шеќер, путер и цимет во чинија за
мешање и измешајте ги заедно.
Додадете ги брашното и оревите и измесете
ги заедно за да се направи мешавина што се
рони.
Распоредете го путерот на нараснатото тесто
и распоредете ја мешавината што се рони
рамномерно одозгора.
Време во апаратот: 35 минути
Ниво: 3
Милиброд со квасец
Состојки за тестото:
750 г брашно
30 г квасец
400 мл млеко
•10 г шеќер
•15 г сол
•1 јајце
100 г омекнат путер
Состојки за глазурата:
•1 жолчка
•малку млеко
Метод:
Просејте го брашното во чинија за мешање,
направете дупка во средината. Пресечете го
квасецот, ставете го во дупката, измешајте го
со млекото и со малку шеќер и брашно од
работ, попрскајте го со брашно, оставете го
да нарасне на топло место додека брашното
попрскано на нараснатиот квасец не покаже
пукнатини.
Ставете го остатокот од шеќерот, солта,
јајцето и путерот на работ од брашното. Сето
заедно измесете го во изедначено квасно
тесто.
Оставете го тестото да нарасне на топло
место додека не стане двапати поголемо.
Потоа измерете три парчиња од тестото со
еднаква големина и секое од нив оформете го
во лента. Исплетете ги трите ленти заедно.
Потоа покријте ја плетенката и оставете ја да
нарасне уште половина час. Премачкајте ја
површината на плетенката со мешавина од
жолчка и млеко и потоа ставете ја во рерната.
Време во апаратот: 50 минути
Ниво: 3
Милиброд со квасец
Состојки за тестото:
650 г брашно
20 г квасец
МАКЕДОНСКИ 13
Page view 12
1 2 ... 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 ... 31 32

Comments to this Manuals

No comments