3.8 Зајак во сенф
Состојки:
• 2 зајака, секој по 800 g
• сол и црн пипер
• 2 супени лажици маслиново масло
• 2 крупно исечкани кромида
• 50 g сланина исечкана на коцки
• 2 супени лажици брашно
• 375 ml пилешка супа
• 125 ml бело вино
• 1 супена лажица свежа мајчина
душичка
• 125 ml слатка павлака
• 2 супени лажици сенф Дижон
Метод:
Исечете ги зајаците на 8 парчиња со
слична големина, зачинете ги со сол и
црн пипер и запржете ги од сите
страни во тавче на рингла.
Извадете ги парчињата зајак и
испржете ги кромидот и сланината.
Одозгора попрскајте со брашно и
измешајте. Додајте ги со мешање
пилешката супа, белото вино и
мајчината душичка и оставете да
зоврие.
Додајте ја слатката павлака и сенфот
Дижон, вратете го месото внатре,
покријте го со капак и ставете го
јадењето во апаратот.
• Време во апаратот: 90 минути
• Ниво на решетка: 1
3.9 Дива свиња
За подготвување на маринадата:
• 1,5 л црвено вино
• 150 g целеров корен
• 150 g моркови
• 2 главички кромид
• 5 ловорови листа
• 5 чешниња
• 2 снопчиња зеленчук за супа
(морков, праз, целер, магдонос)
Ставете ги заедно да зовријат, а
потоа оставете ги да се оладат.
• 1,5 kg бут од дива свиња (плешка)
Истурете ја маринадата врз месото
да го прекрие и оставете го да се
маринира 3 дена.
Состојки за печењето:
• сол
• црн пипер
• супа од зеленчукот од маринадата
• 1 мала конзерва лисичарки
Метод:
Извадете го бутот од дива свиња од
маринадата и исушете го. Зачинете го
со сол и црн пипер и запржете го од
сите страни во тавче на рингла.
Додадете ги лисичарките и малку супа
од зеленчук од маринадата.
Ставете ја маринадата во тава за
печење. Долниот дел треба да биде
потопен во 10 - 15 mm течност.
Покријте ја тавата за печење со капак
и ставете ја во апаратот.
• Време во апаратот: 140 минути
• Ниво на решетка: 1
3.10 Печено јагнешко
Поставки:
Автоматска тежина. Поставување на
опсег на тежината на јадењето од
1000 до 3.000 g.
Метод:
Зачинете го месото по вкус и ставете
го во огноотпорен сад. Додадете вода
или друга течност; долниот дел од
месото треба да биде потопен во 10 -
30 mm течност. Покријте го со капак.
• Ниво на решетка: 1
3.11 Јагнешки бут, среден
Поставки:
Автоматски сензор за температура на
средината. Температура во средината
70°C.
Метод:
Зачинете го месото по вкус, вметнете
го сензорот за температурата на
средината и ставете го во огноотпорен
сад.
• Ниво на решетка: 1
3.12 Јагнешки бут
Состојки:
• 2,7 kg јагнешки бут со коска
• 30 ml маслиново масло
• сол
МАКЕДОНСКИ 7
Comments to this Manuals