5.4 Солена риба
Состојки:
• една цела риба, околу 1,5 - 2 kg
• 2 лимона со чиста кора (без восок)
• 1 главица коморач
• 4 гранчиња свеж тимијан
• 3 kg кујнска сол
Метод:
Исчистете ја рибата и истријте ја со
сокот од двата лимона.
Исечете ја главицата коморач на тенки
парчиња и заедно со гранчињата свеж
тимијан, наполнете ја рибата.
Ставете половина од кујнската сол во
сад за печење и врз неа ставете ја
рибата. Другата половина кујнска сол
ставете ја врз рибата и цврсто
притиснете надолу.
• Време во апаратот: 55 минути
• Ниво на решетка: 1
5.5 Полнети лигњи
Состојки:
• 1 kg средно големи лигњи,
исчистени
• 1 големa главицa кромид
• 2 супени лажици маслиново масло
• 90 g сварен ориз со долго зрно
• 4 супени лажици пињоли
• 4 супени лажици рибизли (суво
грозје)
• 2 супени лажици сечкан магдонос
• сол, црн пипер
• сок од еден лимон
• 4 супени лажици маслиново масло
• 150 ml вино
• 500 ml доматен сос
Метод:
Силно истријте ги лигњите со сол, а
потоа измијте ги под чешма.
Излупете го кромидот, ситно исечкајте
го и династајте го со две супени
лажици маслиново масло додека не
стане проѕирен. Во кромидот додајте
ги оризот со долго зрно, пињолите,
рибизлите и сечканиот магдонос и
зачинете со сол, црн пипер и сок од
лимон. Наполнете ги лигњите со
мешавината и добро затворете го
отворот.
Ставете четири супени лажици
маслиново масло во тава на рингла и
исушете ги лигњите. Додадете вино и
сос од домати.
Покријте ја тавата со капак и ставете
ја во апаратот.
• Време во апаратот: 60 минути
• Ниво на решетка: 1
5.6 Риба на пареа
Состојки:
• 400 g компири
• 2 снопчиња млади кромитчиња
• 2 чешниња лук
• 1 мала конзерва сечкани домати
(400 g)
• 4 филети од лосос
• сок од еден лимон
• сол и црн пипер
• 75 ml супа од зеленчук
• 50 ml бело вино
• 1 гранче свеж рузмарин
• 150 ml вино
• 1/2 китка свежа мајчина душичка
Метод:
Измијте ги компирите, излупете ги,
исечете ги на четвртинки и вријте ги
во солена вода 25 минути, потоа
исцедете ги и исечете ги на парчиња.
Измијте ги младите кромитчиња и
ситно исечкајте ги. Излупете ги
чешнињата лук и исечете ги на
парчиња. Измешајте ги кромидот и
лукот со сечканите домати.
Испрскајте ги филетите лосос со сокот
од лимон и оставете ги да се
маринираат. Потоа исушете ги и
зачинете ги со сол и црн пипер.
Измешајте го зеленчукот со компирите
и ставете ги во подмачкан
огноотпорен сад, зачинете и ставете
го лососот одозгора.
Истурете ги супата од зеленчук и
белото вино врз него и распоредете ги
рузмаринот и мајчината душичка.
• Време во апаратот: 35 минути
• Ниво на решетка: 3
МАКЕДОНСКИ 11
Comments to this Manuals