AEG BP931460HM Recipe Book Page 22

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 28
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 21
Повторно оставете ги векните да
нараснат уште половина од нивниот
волумен.
Пред печењето, посипете ги со малку
брашно и со остар нож засечете 3 - 4
дијагонални линии со длабочина од
најмалку 1 cm.
Време во апаратот: 55 минути
Ниво на решетка: 2
7.8 Селски леб
Состојки:
500 g пченично брашно
250 g ’ржано брашно
15 g сол
1 мало пакетче сув квасец
250 ml вода
250 ml млеко
Друго:
Плех за печење подмачкан или
обложен со пергамент хартија за
печење
Метод:
Ставете ги пченичното
брашно, ’ржаното брашно, солта и
сувиот квасец во голем сад.
Измешајте ги водата, млекото и солта
и додаjте ги во брашното. Сите
состојки заедно измесете ги во
изедначено тесто. Оставете го тестото
да нарасне додека не постигне
двапати поголем волумен.
Направете од тестото долга векна и
ставете ја во плехот за печење кој е
подмачкан или прекриен со хартија за
печење.
Повторно оставете ја векната да
нарасне уште половина од нејзиниот
волумен. Пред печење наросете
малку брашно.
Време во апаратот: 60 минути
Ниво на решетка: 2
7.9 Кнедли (30 мали
парчиња)
Состојки за тестото:
250 g брашно од крупник
250 g путер
250 g урда со мала масленост
сол
Состојки за филот:
1 мала главичка од бела зелка (400
g)
50 g сланина
2 супени лажици пречистен путер
сол, црн пипер и мускатно оревче
3 супени лажици кисела павлака
2 јајца
Друго:
Плех за печење со пергамент
хартија за печење
Метод:
Измесете тесто од брашното од
крупник, урдата со ниска масленост и
малку сол и ставете го во фрижидер.
Исечете ја белата зелка на ситни
ленти. Сланината исечете ја на коцки
и пржете ја во пречистениот путер.
Додаjте ја зелката и пржете додека да
омекне. Зачинете со сол, црн пипер и
мускатно оревче и внимателно додаjте
ја киселата павлака.
Нека крчка додека да испари целата
течност.
Јацата сварете ги тврдо и откако ќе се
изладат, исечете ги на коцки,
измешајте ги со зелката и оставете да
се излади.
Размесете го тестото и исечете
кругови со дијаметар од 8 cm.
Ставете малку од филот на средината
на секое кругче и преклопете.
Залепете ги рабовите со притискање
со вилушка.
Ставете ги кнедлите во плех обложен
со пергамент хартија за печење и
премачкајте ги со жолчка од јајце.
Време во апаратот: 20 минути
Ниво на решетка: 3
www.aeg.com22
Page view 21
1 ... 21 22 23 24 25 26 27 28

Comments to this Manuals

No comments