AEG BS836680HM Recipe Book Page 7

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 6
течност. Свртете го печеното месо
после отприлика 30 минути.
Време во апаратот (мин): 160
Ниво на решетка: 1
4.5 Свинска плешка:
За 4-6 лица.
Состојки:
1,5 kg свинска плешка, со кожа, од
прасе
сол
црн пипер
2 супени лажици маслиново масло
150 g ситно сечкан целер
1 праз, сечкан
1 мала конзерва домати, на мали
парчиња (400 g)
250 ml слатка павлака
2 чешниња лук, излупени и
здробени
свеж рузмарин и мајчина душичка
Метод:
Со остар нож исечете форми на
дијамант во кожата. Зачинете со сол и
пипер и пржете во тава на маслиново
масло додека не се зацрвени од сите
страни, а потоа тргнете го од
ринглата. Во тавче динстајте ги
целерот и празот на малку масло
додека да ја испуштат вода, потоа
додајте ги доматите, павлаката,
чешнињата лук, рузмаринот,
мајчината душичка, измешајте и
одозгора ставете ја свинската плешка.
Ставете го јадењето во рерна.
Време во апаратот (мин): 130
Ниво на решетка: 1
4.6 Печење на шведски
начин:
За 4-6 лица.
Состојки:
200 g сушени сливи
150 ml бело вино
1,5 kg свинска слабина или телешки
грб (без коски)
1 кромид со средна големина
jаболка
сол, црн пипер и црвен пипер
Метод:
Омекнете ги сливите во бело вино
околу 2 часа. Исплакнете го кратко
месото со вода, потоа исушете го.
Исечете засеци во долната страна на
месото и забодете слива во секој
засек туркајќи ги колку што може
подлабоко во месото. Зачинете го
месото и ставете го во плех за печење
со страната без сливи свртена нагоре.
Излупете го кромидот и јаболкото,
исечете ги на осминки и ставете ги
околу печењето. Дополнете го
остатокот од виното во кое се киснаа
сливите до четвртина литар со вода и
сипете го врз печењето. Гарнир што
одговара се крокети, потпечен компир,
брокула или слично.
Време во апаратот (мин): 60
Ниво на решетка: 1
4.7 Телешка коленица:
За 4 лица.
Состојки:
1 задна телешка коленица 1,5 - 2 kg
4 парчиња варена шунка
2 супени лажици масло
1 лажичка сол
1 кафена лажичка благ црвен пипер
1/2 кафена лажичка босилок
1 мала конзерва сечкани печурки
(280 g)
супа од зеленчук (морков, праз,
целер, магдонос)
вода
Метод:
Исечете 8 разрези околу целата
коленица. Исечете ги четирите
парчиња варена шунка на половина и
ставете ги во разрезите. Измешајте
масло, сол, црвен пипер и босилок и
со мешавината намачкајте ја
телешката коленица. Ставете ја
телешката коленица во тава за
печење месо и одозгора распоредете
ги печурките. Додаjте супа од зеленчук
и вода во телешката коленица;
долниот дел треба да биде потопен во
10-15 mm течност. Свртете го
печеното месо после отприлика 30
минути.
Време во апаратот (мин): 150
Ниво на решетка: 2
МАКЕДОНСКИ 7
Page view 6
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 ... 35 36

Comments to this Manuals

No comments