AEG BS836680HM Recipe Book Page 2

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 1
1. ГОТВАЧ
Јадењата се поделени во неколку
категории:
Риба и Морска храна
Живина
Месо
Јадења во печка
Пица и Киш
Колачи и Печива
Леб и кифлички
Зеленчук
Кремови и терини
Гарнир
Мени за готвење
2. РИБА И МОРСКА ХРАНА
2.1 Бакалар:
За 4-6 лица.
Состојки:
800 g сушен бакалар
2 супени лажици маслиново масло
2 големи главици кромид
6 чешниња лук, излупени
2 парчиња праз
6 црвени пиперки
1/2 конзерва сечкани домати (200 g)
200 ml бело вино
200 ml кор-бујон
црн пипер, сол, тимијан, оригано
Метод:
Ставете го сушениот бакалар да кисне
преку ноќ. Следниот ден исцедете го
накиснатиот сушен бакалар, ставете
го во лонец со свежа вода и ставете го
на рингла да зоврие. Потоа тргнете го
од ринглата и оставете го да се
излади. Ставете маслиново масло во
тавче да се загрее. Излупете го
кромидот и исечете го на парченца,
здробете ги излупените чешниња лук
и исечете го празот на тркалца и
измијте ги. Заедно ставете ги во
врелото масло и пропржете ги.
Извадете го семето од пиперките и
исечете ги на ленти. Потоа ставете ги
во тавчето заедно со сечканите
домати. Додаjте бело вино и кор-бујон
и оставете малку да се вари на тивко.
Зачинете со црн пипер, сол, тимијан и
оригано и оставете да се вари на
тивко уште 15 минути. Земете го
изладениот сушен бакалар од лонецот
и исушете го со кујнска хартија.
Отстранете ги кожата, коските и сите
перки. Расцепкајте го месото и
измешано со зеленчукот, ставете го во
огноотпорен сад.
Време во апаратот (мин): 30
Ниво на решетка: 1
2.2 Рибни филети:
За 4-6 лица.
Состојки:
600-700 g филети од гргеч, лосос
или морска пастрмка
150 g рендано сирење
250 ml слатка павлака
50 g лебни трошки
1 супена лажица тарагон
магдонос, сечкан
сол, црн пипер
лимон
путер
Метод:
Испрскајте ги филетите од риба со сок
од лимон и оставете ги малку да се
маринираат, потоа отстранете го
вишокот сок со кујнска хартија.
Зачинете ги филетите од риба од
двете страни со сол и црн пипер.
Потоа ставете ги филетите од риба во
огноотпорен сад подмачкан со путер.
Измешајте ги ренданото сирење,
слатката павлака, лебните трошки,
тарагонот и сечканиот магдонос.
Распоредете ја мешавината веднаш
врз филетите од риба и ставете
парченца путер врз мешавината.
Време во апаратот (мин): 35
Ниво на решетка: 2
2.3 Риба на сол:
За 6 лица.
Состојки:
www.aeg.com2
Page view 1
1 2 3 4 5 6 7 ... 35 36

Comments to this Manuals

No comments