AEG BS836680HM Recipe Book Page 12

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 11
налејте го млекото. Зачинете го сосот
со сол, црн пипер и мускатно оревче и
варете го отворено околу 10 минути.
Ставете ги тркалцата компир на дното
на подмачкан сад за печење, посипете
малку рендано сирење. Врз тоа
наредете слој модар патлиџан. Над
модриот патлиџан ставете ја
мешавината со мелено месо. Над тоа
ставете малку бешамел. Потоа
наредете нов слој од компир, модар
патлиџан и мешавина со мелено месо.
Последниот слој треба да е бешамел.
На површината распоредете ги
остатокот од сирењето и лебните
трошки. Растопете го путерот и
прелијте го врз мусаката.
Време во апаратот (мин): 60
Ниво на решетка: 2
5.5 Пита со компири:
Состојки:
1000 g компири
По 1 лажичка сол, црн пипер и
мускатно оревче
2 чешниња лук
200 g рендано сирење
200 ml млеко
200 ml слатка павлака
4 супени лажици путер
Метод:
Излупете ги компирите, исечете ги
тенко, исушете ги и потоа зачинете ги.
Истријте огноотпорен сад за печење
со едно чешне лук, па намачкајте го со
малку путер. Распоредете ги
половината од зачинетите парчиња
компир во садот и посипете малку од
ренданото сирење врз нив. Наредете
го преостанатиот компир врз тоа и
распоредете го преостанатото
рендано сирење одозгора. Згмечете го
второто чешне лук и измешајте го со
млекото и павлаката. Истурете ја
мешавината врз компирите и
распоредете го остатокот од путерот
во мали грутки врз јадењето.
Време во апаратот (мин): 70
Ниво на решетка: 2
5.6 Франконски кнедли во
тава:
За 6-8 лица.
Состојки:
Околу 1000 g парчиња мисирка
1 мала конзерва печурки (мали
главички)
500 g сечкан кромид
1 кg тесто за штрудла
400 g рендано сирење
250 ml слатка павлака
Метод:
Зачинете ги парчињата мисирка со
сол, црн пипер, црвен пипер, итн.
Испржете го сечканиот кромид.
Темелно исцедете ги печурките. Потоа
измешајте ги заедно месото, кромидот
и печурките и ставете ги во сад за во
рерна. Измешајте го тестото за
штрудла и сирењето и ставете ги врз
мешавината од мисирка. Потоа
налејте ја слатката павлака.
Време во апаратот (мин): 75
Ниво на решетка: 1
5.7 Ѓувеч со зелка:
За 4 лица.
Состојки:
1 зелка (800 g)
мајоран
1 кромид
масло за брзо пропржување
400 g мелено месо
250 g ориз со долго зрно
сол, црн пипер и црвен пипер
1 литар супа од месо
200 ml кисела павлака
100 g рендано сирење
Метод:
Исечете ја зелката на четвртини и
извадете го кочанот. Бланширајте ја
во солена вода зачинета со мајорам.
Излупете го кромидот, ситно исечкајте
го и пропржете го на малку масло.
Потоа додајте ги меленото месо и
оризот со долго зрно, пропржете и
зачинете со сол, црн пипер и црвен
пипер. Додајте го бујонот од месо и
оставете го поклопено да крчка 20
минути. Ставете слоеви зелка и ориз /
мелено месо во садот. Најгоре
www.aeg.com12
Page view 11
1 2 ... 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 ... 35 36

Comments to this Manuals

No comments