AEG BS836680HM Recipe Book Page 30

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 29
звучен сигнал. Ставете ги другите
садови на решетките од рерната
(позиции на решетките од 1 до 4) и
печете уште 25 минути. Запечете ги
снегулките од бадемот со путер на
рингла. За да послужите, попрскајте ги
бадемите врз брокулите. По
готвењето, оставете го кремот со
кокос да се излади. За да послужите,
исцедете манго, направете пире и
употребете го за да го декорирате
кремот. Додајте 650 + 400 ml вода во
фиоката за вода
Време во апаратот (мин): 25
Ниво на решетка: 1 + 4
13. ГОТВАЧ ЗА ПОД ВАКУУМ
Јадењата се поделени во неколку
категории:
Риба и Морска храна
Живина
Месо
Зеленчук
Овошје
Кремови и терини
14. РИБА И МОРСКА ХРАНА
14.1 Филети од спарид:
За 4 лица.
Состојки:
600 g филети од спарид
1 прстофат мешавина од сол и
пипер
2 супени лажици ладно цедено
маслиново масло
Метод:
Ставете ги филетите од спарид, солта,
пиперот и маслото во тава за печење.
Вакумирајте и гответе. Јадењето со
филети од спарид може да се послужи
со маслинки или капари.
Време во апаратот (мин): 25
Ниво на решетка: 3
14.2 Иверак со анасон:
За 4 лица.
Состојки за рибата:
600 g иверак (како алтернатива
може да употребите и каква било
друга рамна риба)
200 g анасон, ситно издробен
1 кафена лажичка кора од лимон
2 супени лажици маслиново масло
1 супена лажица соја сос
Сол, црн пипер
Состојки за сосот:
40 g Pernod (или дру вид ликер од
анасон)
180 g слатка павлака
Сол, црн пипер
Метод:
Ставете ја рибата со сите други
состојки рамно во вакуум вреќичка,
вакумирајте ги и гответе. По
печењето, извадете ја рибата со
анасонот од вреќичката, ставете го
сосот од вреќичката во тава и
оставете да зоврие, додајте го ликерот
Pernod и кремот и оставете малку да
се динста. Додајте сол и црн пипер по
вкус. Ставете ги рибата и сосот на
чинија и послужете ги со ориз.
Време во апаратот (мин): 30
Ниво на решетка: 3
14.3 Шкампи:
За 4 лица.
Состојки:
500 g големи шкампи, излупени
ситно исе;кан магдонос или неколку
ливчиња босилок
4 супени лажици ладно цедено
маслиново масло
1 прстофат сол и пипер
Метод:
Измијте ги шкампите и отстранете ги
опашките и главите. Зачинете ги со
масло, магдонос или босилок, сол, црн
пипер и ставете во вакуум вреќичка за
печење. Вакумирајте и гответе.
www.aeg.com30
Page view 29
1 2 ... 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36

Comments to this Manuals

No comments