• шеќер во прав
Друго:
• подмачкан сад
Метод:
Ставете ги млекото и шеќерот во тава
и загрејте ги малку на рингла. Додајте
го сувиот квасец и промешајте. Потоа
оставете да стои приближно 30
минути. Ставете ги брашното,
шеќерот, путерот, жолчката, целото
јајце, ванилиниот шеќер и сокот од
лимон во сад за матење. Додајте ги
млекото и квасецот и замесете тесто.
Покријте го тестото со крпа и оставете
го да нарасне 45 минути. Потоа, со
лажица вадете од тестото кнедли
(околу 80 g), сплескајте ги со раката и
наполнете ги со 1 лажичка џем од
сливи. Повлечете ги краевите од
тестото нагоре и покријте го џемот со
тестото и оформете го во топче.
Ставете ги топчињата во мрсен сад,
покријте ги и оставете ги да нараснат
уште 45 минути, а потоа ставете ги во
рерната.
• Време во апаратот (мин): 35
• Ниво на решетка: 3
7.13 Куглоф:
Состојки за основата:
• 500 g брашно
• 1 пакетче сув квасец (8 g сув квасец
или 42 g пресен квасец)
• 80 g шеќер во прав
• 150 g путер
• 3 јајца
• 2 рамни кафени лажички сол
• 150 ml млеко
• 70 g суво грозје (претходно
накиснете ги 1 час во 20 ml
вишновка)
Состојки за глазурата:
• 50 g цели лупени бадеми
Метод:
Ставете ги брашното, сувиот квасец,
ше'ерот во прав, путерот, јајцата,
солта и млекото во сад за матење и
измесете изедначено тесто. Покријте
го тестото во садот и оставете го да
нарасне 1 час. Рачно измесете го
накиснатото суво грозје во тестото.
Ставете ги бадемите во секоја
празнина посебно во подмачканиот со
зејтин и попрскан со брашно калап за
куглоф. Потоа обликувајте го тестото
во форма на колбас и ставете го во
калап за куглоф. Покријте го и
оставете да кисне уште 45 минути.
• Време во апаратот (мин): 60
• Ниво на решетка: 1
7.14 Саварин торта:
Состојки за тестото:
• 350 g брашно
• 1 пакетче сув квасец (8 g сув квасец
или 42 g пресен квасец)
• 75 g шеќер
• 100 g путер
• 5 жолчки
• 1/2 кафена лажичка сол
• 1 пакетче ванилин шеќер (околу 8
g)
• 125 ml млеко
По печењето:
• 375 ml вода
• 200 g шеќер
• 100 ml сливова ракија или 100 ml
ликер од портокал
Метод:
Ставете ги брашното, сувиот квасец,
шеќерот, путерот, жолчките, солта,
ванилиниот шеќер и млекото во сад за
матење и измесете изедначено тесто.
Покријте го тестото во садот и
оставете го да нарасне 1 час. Потоа
ставете го тестото во калап за куглоф,
покријте го и оставете го да кисне
уште 45 минути.
• Време во апаратот (мин): 35
• Ниво на решетка: 1
По печењето:
Зовријте вода и шеќер и оставете да
се олади. Додајте сливова ракија или
ликер од портокал во шербетот и
измешајте. Кога ќе се излади колачот,
избодете го на неколку места со
дрвено стапче и оставете го еднакво
да го впие шербетот.
7.15 Пандишпан:
Состојки:
• 4 јајца
• 2 супени лажици топла вода
МАКЕДОНСКИ 21
Comments to this Manuals