AEG BSE774220B Recipe Book Page 22

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 28
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 21
20 g квасец
150 ml млако млеко
60 g шекер
1 тропрст сол
2 жолчки
75 g омекнат путер
Состојки за трошките:
200 g шекер
200 g путер
1 лажичка цимет
350 g брашно
50 g сечкани ореви
30 g стопен путер
Метод:
Просејте го брашното во чинија за
мешање, направете дупка во
средината. Пресечете го квасецот,
ставете го во дупката, измешајте го со
млекото и со малку брашно од работ,
попрскајте со брашно, оставете да
нарасне на топло место додека
брашното попрскано на тестото не
покаже пукнатини.
Ставете ги шеќерот, жолчките, путерот
и солта на работ од брашното. Сето
заедно измесете го во изедначено
квасно тесто.
Оставете го тестото да нарасне на
топло место додека не стане двапати
поголемо. Потоа исукајте го тестото и
положете го во подмачкан плех за
печење и оставете го повторно да
нарасне.
Ставете шекер, путер и цимет во
чинија за мешање и измешајте ги
заедно.
Додадете ги брашното и оревите и
измесете ги заедно за да се направи
мешавина што се рони.
Распоредете го путерот на
нараснатото тесто и распоредете ја
мешавината што се рони рамномерно
одозгора.
Време во апаратот: 35 минути
Ниво на решетка: 3
7.15 Шведска торта
Состојки:
5 јајца
340 g шекер
100 g стопен путер
360 g брашно
1 пакетче прашок за пециво (околу
15 g)
1 пакетче ванилин шекер (околу 8
g)
1 тропрст сол
200 ml студена вода
Друго:
Тркалезн плех за печење од 28 cm
со калап што се отвора, црн, дно
обложено со хартија за печење
Метод:
Ставете шекер, јајца, ванилин шекер и
сол во сад за матење и матете 5
минути додека да се направи крем.
Потоа додајте стопен путер во
мешавината и лесно вмешајте го.
Додајте го брашното со прашокот за
пециво во смесата и измешајте.
На крај, истурете ја студената вода и
добро измешајте. Ставете го тестото
во плехот за печење, израмнете го и
ставете го во апаратот.
Време во апаратот: 55 минути
Ниво на решетка: 1
7.16 Сладок колач
Состојки:
2 листови оригинално швајцарско
тесто или лиснато тесто (исукано во
квадрат)
50 g мелени лешници
1,2 kg јаболка
3 јајца
300 ml слатка павлака
70 g шекер
Метод:
Ставете го тестото во добро
подмачкан плех за печење и одоздола
избодете го насекаде со вилушка.
Посипете ги лешниците рамномерно
над тестото. Излупете ги јаболката,
извадете ги семките и исечете ги на 12
парчиња. Распоредете ги парчињата
рамномерно врз тестото. Добро
измешајте ги заедно јајцата, слатката
павлака, шеќерот и ванилиниот шекер
и прелијте преку јаболката.
Време во апаратот: 45 минути
Ниво на решетка: 1
www.aeg.com22
Page view 21
1 2 ... 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28

Comments to this Manuals

No comments