AEG KS8404021M Recipe Book Page 9

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 28
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 8
Полнето пиле
Состојки:
1 пиле, 1,2 кг (со ситнежот)
1 супена лажица масло
1 лажичка сол
1 / 4 лажичка црвен пипер
50 г лебни трошки
3 - 4 супени лажици млеко
1 кромид, исечкан
1 китка магдонос, исечкан
•20 г путер
•1 јајце
сол и црн пипер
Метод:
Исчистете го и исушете го пилето. Измешајте
ги маслото, солта и црвениот пипер и со
мешавината истријте го пилето.
Полнење: Измешајте ги лебните трошки и
млекото. Ставете ги исечканиот кромид,
магдоносот и путерот во тавче и динстајте.
Исечкајте ги ситно срцето, црниот дроб и
шкембето и додадете едно јајце. Потоа
измешајте сè заедно и зачинете со сол и црн
пипер.
Ставете го пилето со градите надолу во тава
за печење месо и ставете во апаратот.
Свртете после 30 минути. Се огласува сигнал.
Време во апаратот: 90 минути
Ниво: 1
Динстани пилешки гради
Состојки:
4 филети од пилешки гради, без коски
сол, црн пипер, црвен пипер и кари во прав
Метод:
Зачинете ги пилешките гради и ставете ги во
стаклена тава во апаратот.
Време во апаратот: 35 минути
Ниво: 1
Додадете 450 мл вода во фиоката за вода
РИБА
Цели парчиња риба
Поставки:
Автоматски сензор за температура,
температура 65 °C.
Метод:
Зачинете ја рибата по вкус, вметнете го
сензорот за температурата на средината и
ставете во огноотпорен сад.
Ниво: 1
Филети од риба
Состојки:
600 - 700 г филети од гргеч, лосос или
морска пастрмка
150 г рендано сирење
250 мл слатка павлака
50 г лебни трошки
1 супена лажица тарагон
магдонос, сечкан
•сол, црн пипер
лимон
•путер
Метод:
Испрскајте ги филетите од риба со сок од
лимон и оставете ги малку да се маринираат,
потоа отстранете го вишокот сок со кујнска
хартија. Зачинете ги филетите од риба од
двете страни со сол и црн пипер. Потоа
ставете ги филетите од риба во огноотпорен
сад подмачкан со путер.
Измешајте ги ренданото сирење, слатката
павлака, лебните трошки, тарагонот и
сечканиот магдонос. Распоредете ја
мешавината веднаш врз филетите од риба и
ставете парченца путер врз мешавината.
Време во апаратот: 35 минути
Ниво: 2
Бакалар
Состојки:
800 г сушен бакалар
2 супени лажици маслиново масло
2 големи главици кромид
6 чешниња лук, излупени
2 парчиња праз
6 црвени пиперки
1/2 конзерва сечкани домати (200 г)
200 мл бело вино
200 мл кор-бујон
црн пипер, сол, тимијан, оригано
Метод:
Ставете го сушениот бакалар да кисне преку
ноќ. Следниот ден исцедете го накиснатиот
сушен бакалар, ставете го во лонец со свежа
МАКЕДОНСКИ 9
Page view 8
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 ... 27 28

Comments to this Manuals

No comments