AEG KS8404021M Recipe Book Page 12

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 28
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 11
четка. Потоа оставете го колачот да ја впие
глазурата.
Време во апаратот: 75 минути
Ниво: 1
Шведска торта
Состојки:
•5 јајца
340 г шеќер
100 г стопен путер
360 г брашно
1 пакетче прашок за пециво (околу 15 г)
1 пакетче ванилин шеќер (околу 8 г)
1 тропрст сол
200 мл студена вода
Друго:
Тркалезен плех за печење од 28 см со
калап што се отвора, црн, дно обложено со
хартија за печење
Метод:
Ставете шеќер, јајца, ванилин шеќер и сол во
сад за матење и матете 5 минути додека да
се направи крем. Потоа додајте стопен путер
во мешавината и лесно вмешајте го.
Додајте го брашното со прашокот за пециво
во смесата и измешајте.
На крај, истурете ја студената вода и добро
измешајте. Ставете го тестото во плехот за
печење, израмнете го и ставете го во
апаратот.
Време во апаратот: 55 минути
Ниво: 1
Бисквити
Состојки:
•4 јајца
2 супени лажици топла вода
•50 г шеќер
1 пакетче ванилин шеќер (околу 8 г)
1 тропрст сол
100 г шеќер
100 г брашно
100 г нишесте
2 рамни лажички прашок за пециво
Друго:
Тркалезен плех за печење од 28 см со
калап што се отвора, црн, дно обложено со
хартија за печење
Метод:
Одделете ги јајцата. Изматете ги жолчките со
топла вода, 50 г шеќер, ванилин шеќер и сол.
Матете ги белките со 100 г шеќер додека не
се стврднат добро.
Просејте ги заедно брашното, нишестето и
прашокот за пециво.
Внимателно измешајте ги жолчките и белките.
Потоа внимателно внесете ја мешавината од
брашно. Ставете го тестото во плехот за
печење, израмнете го и ставете го во
апаратот.
Време во апаратот: 35 минути
Ниво: 1
Торта со сирење
Состојки за основата:
150 г брашно
•70 г шеќер
1 пакетче ванилин шеќер (околу 8 г)
•1 јајце
70 г смекнат путер
Состојки за кремот со сирење:
3 белки од јајце
50 г суво грозје
2 супени лажици рум
750 г урда со мала масленост
•3 жолчки
200 г шеќер
сок од еден лимон
200 г кисела павлака
1 пакетче прашок за крем со вкус на ванила
(40 г или соодветно количество прашок за
пудинг од 500 мл млеко)
Друго:
Црн плех за печење со дијаметар од 26 см
со калап што се отвора, подмачкан
Метод:
Просејте го брашното во чинија. Додадете го
остатокот од состојките и измешајте со рачен
миксер. Потоа ставете ја мешавината во
фрижидер 2 часа.
Покријте го подмачканото дно од калапот што
се отвора со околу 2 / 3 од тестото и избодете
повеќепати со вилушка.
Формирајте раб висок околу 3 см со остатокот
од тестото.
Матете ги белките од јајцата со рачен миксер
додека не се стврднат. Измијте го сувото
грозје, оставете го добро да се исуши,
попрскајте го со рум и оставете го да кисне.
12
www.aeg.com
Page view 11
1 2 ... 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 ... 27 28

Comments to this Manuals

No comments