AEG KS8404021M Recipe Book Page 13

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 28
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 12
Ставете ги урдата, жолчките, шеќерот, сокот
од лимонот, киселата павлака и прашокот за
крем во сад за матење и добро измешајте.
На крај, внимателно измешајте ги изматените
белки и сувото грозје во мешавината со урда.
Време во апаратот: 85 минути
Ниво: 1
Овошна торта
Состојки:
200 г путер
200 г шеќер
1 пакетче ванилин шеќер (околу 8 г)
1 тропрст сол
•3 јајца
300 г брашно
1 / 2 пакетче прашок за пециво (околу 8 г)
125 г рибизли
125 г суво грозје
•60 г сечкани бадеми
60 г кандирана кора од лимон или
кандирана кора од портокал
60 г сечкани кандирани цреши
70 г цели излупени бадеми
Друго:
Црн правоаголен плех за печење со
дијаметар од 24 см со калап што се отвора
Маргарин за подмачкување
Лебни трошки за обложување на плехот
Метод:
Ставете путер, шеќер, ванилин шеќер и сол
во чинија за матење и изматете ги заедно.
Додавајте ги јајцата едно по едно и повторно
изматете ја мешавината. Постепено
додавајте го брашното, измешано со
прашокот за пециво, кон пенестата маса и
лесно вмешајте го.
Измешајте го и овошјето во мешавината.
Ставете ја мешавината во подготвениот плех
и подигнете ја мешавината малку погоре кај
работ отколку во средината. Украсете ги
работ и средината на колачот со целите
излупени бадеми. Ставете го колачот во
апаратот.
Време во апаратот: 100 минути
Ниво: 1
Streusel Торта
Состојки за тестото:
375 г брашно
20 г квасец
150 мл млако млеко
•60 г шеќер
1 тропрст сол
•2 жолчки
75 г смекнат путер
Состојки за трошките:
200 г шеќер
200 г путер
1 лажичка цимет
350 г брашно
50 г сечкани ореви
30 г стопен путер
Метод:
Просејте го брашното во чинија за мешање,
направете дупка во средината. Пресечете го
квасецот, ставете го во дупката, измешајте го
со млекото и со малку брашно од работ,
попрскајте со брашно, оставете да нарасне на
топло место додека брашното попрскано на
тестото не покаже пукнатини.
Ставете ги шеќерот, жолчките, путерот и
солта на работ од брашното. Сето заедно
измесете го во изедначено квасно тесто.
Оставете го тестото да нарасне на топло
место додека не стане двапати поголемо.
Потоа исукајте го тестото и положете го во
подмачкан плех за печење и оставете го
повторно да нарасне.
Ставете шеќер, путер и цимет во чинија за
мешање и измешајте ги заедно.
Додадете ги брашното и оревите и измесете
ги заедно за да се направи мешавина што се
рони.
Распоредете го путерот на нараснатото тесто
и распоредете ја мешавината што се рони
рамномерно одозгора.
Време во апаратот: 35 минути
Ниво: 2
Милиброд со квасец
Состојки за тестото:
650 г брашно
20 г квасец
200 мл млеко
•40 г шеќер
5 г сол
•5 жолчки
200 г смекнат путер
Состојки за филот:
МАКЕДОНСКИ 13
Page view 12
1 2 ... 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 ... 27 28

Comments to this Manuals

No comments