Колачиња
Состојки:
• 250 г чоколадо за готвење
• 250 г путер
• 375 г шеќер
• 2 пакетчиња ванилин шеќер (околу 16 г)
• 1 тропрст сол
• 5 супени лажици вода
•5 јајца
• 375 г ореви
• 250 г брашно
• 1 лажичка прашок за пециво
Метод:
Искршете го чоколадото на големи парчиња и
стопете го во сад на пареа или вода.
Изматете ги заедно путерот, шеќерот,
ванилиниот шеќер, солта и водата, додајте ги
јајцата и стопеното чоколадо.
Оревите исечкајте ги крупно, измешајте ги со
брашното и прашокот за пециво и вмешајте ги
во чоколадната мешавина.
Обложете длабок плех за печење со хартија
за печење, ставете ја смесата внатре и
израмнете.
– Време во апаратот: 50 минути
– Ниво: 2
После печењето:
Оставете да се олади, отстранете ја хартијата
за печење и исечете на квадрати.
Мафинс колачи
Состојки:
• 150 г путер
• 150 г шеќер
• 1 пакетче ванилин шеќер (околу 8 г)
• 1 тропрст сол
• цеден сок од еден лимон
•2 јајца
•50 мл млеко
•25 г нишесте
• 225 г брашно
• 10 г прашок за пециво
• 1 тегла вишни (375 г)
• 225 г чоколадни парченца
Друго:
• Хартиени калапчиња со пречник од околу 7
см
Метод:
Изматете ги заедно путерот, шеќерот,
ванилиниот шеќер, солта и цедениот сок од
лимон. Додадете ги јајцата и повторно
изматете сè заедно.
Измешајте ги нишестето, брашното и
прашокот за пециво заедно со млекото.
Исцедете ги вишните и вмешајте ги во
смесата со чоколадни парченца.
Ставете ја смесата во хартиените калапчиња,
ставете ги во плех за печење и ставете го
плехот во апаратот. Употребете калап за
мафинс колачи ако имате.
– Време во апаратот: 40 минути
– Ниво: 2
Сладок колач
Состојки:
• 2 листови оригинално швајцарско тесто или
лиснато тесто (исукано во квадрат)
• 50 г мелени лешници
• 1,2 кг јаболка
•3 јајца
• 300 мл слатка павлака
•70 г шеќер
Метод:
Ставете го тестото во добро подмачкан плех
за печење и одоздола избодете го насекаде
со вилушка. Посипете ги лешниците
рамномерно преку тестото. Излупете ги
јаболката, извадете ги семките и исечете ги
на 12 парчиња. Распоредете ги парчињата
рамномерно врз тестото. Добро измешајте ги
заедно јајцата, слатката павлака, шеќерот и
ванилиниот шеќер и прелијте преку јаболката.
– Време во апаратот: 55 минути
– Ниво: 2
Торта со моркови (верзија 1)
Состојки за мешавината:
• 150 мл сончогледово масло
• 100 г кафен шеќер
•2 јајца
•75 г сируп
• 175 г брашно
• 1 лажичка цимет
• 1 / 2 лажичка мелен ѓумбир
• 1 лажичка прашок за пециво
• 200 г ситно изрендани моркови
• 75 г суво грозје
МАКЕДОНСКИ 15
Comments to this Manuals