AEG MFD2025S-M User Manual Page 60

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 104
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 59
Стаклената чинија за готвење
претставува работна површина за
загревање храна или течности. Таа
е неопходна за функционирањето
на микробрановата рерна.
Одмрзнување месо, живина, риба
Ставете ја замрзнатата и
распакуваната храна на мала
чинија превртена наопаку, а под
неа ставете сад за да може во него
да се собере течноста од
одмрзнувањето.
Превртете ја храната кога ќе
измине половина од времето што е
потребно за одмрзнување. Ако е
возможно, одвојте ги и отстранете
ги парчињата што почнале да се
одмрзнуваат.
Одмрзнување путер, парчиња
торта/колачи, урда
Не одмрзнувајте ја храната целосно
во апаратот, туку оставете ја да се
одмрзне на собна температура. На
тој начин се постигнува
поизедначен резултат. Пред
одмрзнувањето, целосно извадете
го металното или алуминиумското
пакување.
Одмрзнување овошје, зеленчук
Не одмрзнувајте ги целосно
овошјето и зеленчукот, кои потоа
треба дополнително да се готват во
апаратот. Оставете ги да се
одмрзнат на собна температура.
Можете да користите микробранови
со поголема јачина за готвење на
овошјето и зеленчукот без
претходно да ги одмрзнувате.
Готови јадења
Во апаратот можете да
подготвувате готови јадења само
ако нивното пакување е соодветно
за употреба во микробранови
рерни.
Мора да ги следите упатствата на
производителот што се отпечатени
на амбалажата (на пр. извадете го
металниот капак и продупчете ја
пластичната фолија).
Погодни садови за готвење и материјали
Садови за готвење / Материјал Микробранова рерна Печење
на скара
Одмрзнув
ање
Греење Готвење
Огноотпорно стакло и порцелан (без
метални компоненти, на пр. Пирекс,
огноотпорно стакло)
Х Х Х Х
Стакло што не е огноотпорно и
порцелан
1)
Х -- -- --
Стакло и стакло-керамика направени
од огноотпорен материјал /
материјал отпорен на замрзнување
(на пр. Аркофлам), решетка за скара
Х Х Х Х
Керамика
2)
, земјени садови
2)
Х Х Х --
Огноотпорна пластика до 200 °C
3)
Х Х Х --
Картон, хартија Х -- -- --
Тенка пластична фолија Х -- -- --
Фолија за печење со безбедно
затворање за употреба во
микробранова рерна
3)
Х Х Х --
www.aeg.com60
Page view 59
1 2 ... 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 ... 103 104

Comments to this Manuals

No comments