2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2.1 Монтажа
• Отстранете ја сета амбалажа и
транспортните завртки.
• Задржете ги транспортните
завртки. Кога повторно ќе го
преместувате апаратот, мора да го
блокирате барабанот.
• Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
• Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
• Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
• Немојте да го монтирате ниту да го
користите апаратот на места каде
што температурата е пониска од
0°C или каде што е изложен на
атмосферски влијанија.
• Не монтирајте го и не
употребувајте го апаратот онаму
каде што температурата е под 5°C
или повисока од 35 °C.
• Проверете дали подот на кој го
монтирате апаратот е рамен,
стабилен, отпорен на топлина и
чист.
• Не монтирајте го апаратот на места
каде што вратата на апаратот не
може целосно да се отвори.
• Секогаш преместувајте го апаратот
вертикално.
• Задната површина на апаратот
мора да се постави кон ѕидот.
• Проверете дали има циркулација
на воздух меѓу апаратот и подот.
• Приспособете ги ногарките за да
има доволно простор меѓу апаратот
и килимот.
• Кога апаратот е поставен во
неговата постојана позиција,
проверете дали е целосно
порамнет со помош на либела. Ако
не е, приспособете ги ногалките
додека не се порамни.
• За компресорот да работи
правилно, почекајте 6 часа после
монтажата пред да го употребите
апаратот.
2.2 Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен
удар.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
• Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
• Не повлекувајте го кабелот за
струја за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
• Не допирајте го кабелот за струја
или приклучокот со влажни раце.
• Само за Обединетото Кралство и
Ирска: Апаратот има приклучок за
струја со јачина од 13 ампери. Ако е
потребно да го смените
осигурувачот во приклучокот за
струја, користете осигурувач од 13
ампери ASTA (BS 1362).
• Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
2.3 Поврзување на водата
• Потрудете се да не ги оштетите
цревата за вода.
• Пред да го поврзете апаратот со
нови цевки или цевки што не биле
користени подолго време, оставете
водата да тече додека не започне
да тече чиста вода.
• Кога за прв пат го користите
апаратот, проверете дали од
некаде протекува.
2.4 Употребa
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди,
струен удар, пожар,
изгореници или
оштетување на апаратот.
• Користете го апаратот само во
домашни услови.
• Не менувајте ги спецификациите на
овој апарат.
www.aeg.com6
Comments to this Manuals