AEG F65412VI0P User Manual Page 8

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 20
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 7
5. ОПЦИИ
Активирајте или деактивирајте
ги оциите пред стартот на
програмата. Не смеете да ги
активирате или деактивирате
опциите додека работи
програма.
Доколку се поставени една или
повеќе опции, погрижете се да
бидат вклучени соодветните
показатели пред почетокот на
програмата.
5.1 TimeSaver
Оваа опција ги зголемува притисокот
и температурата на водата. Фазите за
миење и сушење се пократки.
Времетраењето на целата програма
се намалува за отприлика 50%.
Резултатите од миењето се исти како
кај програма којашто има нормално
времетраење. Резултатите кај
сушењето може да се намалат.
Како да се вклучи опцијата TimeSaver
1. Притиснете го TimeSaver. Се пали
соодветниот показател. На екранот
можете да го видите ажурирањето
на времетраењето на програмата.
Доколку опцијата не важи за
програмата, соодветниот
показател трепка брзо 3 секунди
и потоа се гаси.
5.2 Multitab
Вклучете ја оваа опција само кога ги
користите комбинираните таблети со
детергент.
Оваа опција го исклучува користењето
на средство за плакнење и сол.
Соодветните показни светла
остануваат изгаснати.
Времетраењето на програмата може
да се зголемува.
Како да се вклучи опцијата Multitab
1. Притиснете го Multitab, се пали
соодветното показно светло.
Ако престанете да ги користите
комбинираните таблети со детергент,
пред да почнете да користите
одвоено детергент, средство за
плакнење и сол за машини за миење
садови, направете ги следниве
чекори:
1. Поставете го омекнувачот на
водата на највисокото ниво.
2. Проверете дали садот за сол и
дозерот за средство за плакнење
се полни.
3. Вклучете ја најкратката програма
со фаза за плакнење, без
детергент и без садови.
4. Приспособете го омекнувачот на
вода според тврдоста на водата во
вашата област.
5. Приспособете го испуштеното
количество средство за плакнење.
5.3 Звучни сигнали
Звучните сигнали се вклучуваат кога
апаратот има дефект или кога ќе се
појави приспособување на нивото на
омекнувачот на вода и кога ќе заврши
програма.
По правило, звучните сигнали се
вклучени, но може да се исклучат.
Како да ги исклучите звучните сигнали
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот. Внимавајте
апаратот да е во режим на
поставување, видете во
„Поставување и почнување
програма“.
2. Држете ги притиснати истовремено
копчињата (4) и (5) додека
показните светла на копчињата (3),
(4) и (5) не почнат да трепкаат.
3. Притиснете го копчето (5),
Показните светла на копчињата
(3) и (4) се гасат.
Показното светло за копчето (5)
продолжува да трепка.
На екранот се прикажува
тековната поставка.
Звучните
сигнали се
вклучени.
8
www.aeg.com
Page view 7
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 ... 19 20

Comments to this Manuals

No comments