• Проверете дали има циркулација
на воздух меѓу апаратот и подот.
• Приспособете ги ногарките за да
има доволно простор меѓу апаратот
и килимот.
• Не монтирајте го апаратот на места
каде што вратата на апаратот не
може целосно да се отвори.
• Не ставајте сад под апаратот за
собирање вода во случај на
протекување. Контактирајте со
Овластениот сервисен центар за да
проверите кои додатоци можат да
се користат.
2.2 Поврзување на струја
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
• Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката
со спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не
се совпаѓа, контактирајте со
електричар.
• Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
• Погрижете се да не ги оштетите
приклучокот за струја и кабелот.
Доколку кабелот за струја на
апаратот треба да се замени, тоа
мора да го направи нашиот
Овластен сервисен центар.
• Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од
монтажата. Проверете дали
приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
• Не допирајте го кабелот за струја
или приклучокот со влажни раце.
• Не повлекувајте го кабелот за
струја за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
• Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
2.3 Поврзување со вода
• Не ги оштетувајте цревата за вода.
• Пред да ги поврзете новите црева,
цревата кои не биле користени
подолг период, каде се направила
некаква поправка или биле ставени
нови уреди (мерачи за вода итн.),
оставете ја водата да тече се
додека не стане чиста и бистра.
• Проверете дали има видливи
протекувања на вода за време или
после првата работа на апаратот.
2.4 Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди,
струен удар, пожар,
изгореници или
оштетување на апаратот.
• Овој апарат е само за домашна
употреба.
• Следете ги безбедносните упатства
дадени на пакувањето на
детергентот.
• Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
• Проверете дали сите метални
предмети се извадени од алиштата.
• Не ја допирајте стаклената врата
додека работи програмата.
Стаклото може да биде жешко.
2.5 Сервисирање
• За да го поправите апаратот
контактирајте го Овластениот
сервисен центар.
• Користете само оригинални
резервни делови.
2.6 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
• Исклучете го апаратот од струја и
вода.
• Извадете го електричниот кабел
блиску до апаратот и фрлете го.
• Извадете ја кваката на вратата за
да спречите затварање на деца или
миленици во барабанот.
• Фрлете го апаратот во согласност
со условите за фрлање на
Искористена електрична и
електронска опрема (ИЕЕО).
МАКЕДОНСКИ 5
Comments to this Manuals