• Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи
средства во, блиску до или на
апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од оштетување на
апаратот.
• За да го заштитите емајлот од
оштетување или губење на бојата:
- не ставајте огноотпорни садови
или други предмети директно на
дното на апаратот.
- не ставајте алуминиумска фолија
директно на дното на апаратот.
- Не ставајте вода директно во
врелиот апарат.
- Не чувајте влажни чинии или
храна во апаратот откако сте
завршиле со готвењето.
- Бидете внимателни при
отстранување или поставување на
приборот.
• Обезбојувањето на емајлот нема
ефект врз работата на апаратот.
Тоа не е дефект во смисол на
гаранцијата.
• Користете длабока тава за влажни
колачи. Овошните сокови
предизвикуваат дамки кои може да
останат постојано.
Готвење на пареа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од изгореници и
оштетување на апаратот.
• Не ја отворајте вратата од апаратот
додека готвите со пареа. Може да
излезе пареа.
2.3 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од повреди, пожар
или оштетување на апаратот.
• Пред одржување, исклучете го
апаратот и извадете го штекерот за
струја од приклучницата.
• Проверете дали апаратот е ладен.
Постои опасност од кршење на
стаклените плочи.
• Веднаш заменете ги стаклените
плочи на вратата кога се оштетени.
Контактирајте со сервисот.
• Бидете внимателни кога ја вадите
вратата од апаратот. Вратата е
тешка!
• Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на
материјалот на површината.
• Заостанатата мрснотија или храна
во апаратот може да предизвика
пожар.
• Исчистете го апаратот со
навлажнета мека крпа. Користете
само неутрални детергенти. Не
користете абразивни средства,
сунѓери со жица, растворувачи или
метални предмети.
• Доколку користите спреј за печка,
почитувајте ги безбедносните
инструкции на пакувањето.
• Не чистете го каталитичкиот емајл
(доколку има) со никаков тип на
детергент.
2.4 Внатрешно светло
• Типот на светилката или на
халогената лампа која се користи за
овој апарат е само за употреба во
апарати за домаќинство. Не
употребувајте ја за осветлување во
куќата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од струен удар.
• Пред да ја замените светилката,
исклучете го апаратот од
напојувањето.
• Користете само светилки со истите
спецификации.
2.5 Отстранување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда или
задушување.
• Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
• Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
• Извадете ја рачката на вратата за
да спречите затворање на деца и
миленичиња во апаратот.
6
www.aeg.com
Comments to this Manuals