1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги доставените упатства.
Производителот не е одговорен ако неправилната
монтажа и употреба предизвикаат повреди и
оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со
апаратот за идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од задушување, повреда или траен
инвалидитет.
• Овој апарат можат да го користат деца над 8
години и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или лица без искуство и
знаење доколки тоа го прават под надзор или им
биле дадени упатства како безбедно да го
употребуваат апаратот и ги разбираат
опасностите поврзани со него.
• Деца не смеат да играат со апаратот.
• Чувајте го пакувањето настрана од дофат на
деца.
• Чувајте ги сите детергенти настрана од дофат на
деца.
• Чувајте ги децата и домашните миленичиња
настрана од вратата на апаратот кога е отворена.
• Доколку апаратот има уред за безбедност на
деца, ви препорачуваме да го активирате.
• Чистењето и одржувањето од страна на
корисникот не треба да го прават деца без
надзор.
1.2 Општа безбедност
• Пред одржувањето, исклучете го апаратот и
исклучете го кабелот од штекерот за струја.
МАКЕДОНСКИ 39
Comments to this Manuals