12.4 Дихтунг на вратата
Редовно прегледувајте го дихтунгот и
вадете ги сите предмети од
внатрешниот дел.
12.5 Чистење на барабанот
Редовно прегледувајте го барабанот
за да спречите појава на 'рѓа.
За темелно чистење:
1. Чистете го барабанот со
специјални производи за
не'рѓосувачки челик.
Секогаш следете ги
упатствата што ќе ги
најдете на пакувањето на
производот.
2. Пуштетете кратка памучна
програма на висока температура
или употребете ја ако е достапна
програмата Машинско чистење.
Додадете мала количина на
детергент во прав во празниот
барабан, за да ги исплакнете сите
преостанати остатоци.
12.6 Чистење на дозерот за
детергент
За да спречите таложење наслаги од
исушен детергент или задтнување со
омекнувач за ткаенини и/или
формирање мувла во фиоката за
дозирање детергент, повремено
спроведувајте процедура за чистење:
1. Отворете ја фиоката. Притиснете
ја рачката надолу како што е
опишано на сликата и извлечете ја
надвор.
2.
Извадете го горниот дел од
преградата за додатоци за да го
олесните чистењето и исплакнете
со млаз топла вода за да ги
отстраните траговите од
наталожен детергент. По
чистењето, вратете го назад
горниот дел.
3. Проверете дали остатоците од
прашокот за перење се отстранети
од горниот и долниот дел на
отворот. Употребете мала четка за
да го исчистите отворот.
4. Ставете ја фиоката за детергент
во шините и затворете ја. Пуштете
програма за плакнење без алишта
во барабанот.
МАКЕДОНСКИ 29
Comments to this Manuals