7.5 Delay Start
Со оваа опција можете да го одложите
почетокот на програмата од 30 минути
до 20 часа.
Екранот го покажува соодветниот
показател и времето на одложување.
8. ПОСТАВКИ
8.1 Звучни сигнали
Звучните сигнали работат кога:
• Го вклучувате апаратот.
• Го исклучувате апаратот.
• Ги притискате копчињата.
• програмата е завршена.
• Апаратот е во дефект.
За да ги вклучите/исклучите
звучните сигнали, притиснете ги
истовремено копчињата Temperature и
Spin 6 секунди.
Ако ги исклучите звучните
сигнали, тие продолжуваат
да работат кога апаратот
има дефект.
8.2 Брава за деца
Со оваа опција можете да спречите
децата да си играат со контролната
табла.
• За да ја вклучите/исклучите оваа
опција, притискајте ги истовремено
Extra Rinse и Time Save сé додека
не се вклучи/исклучи
показното светло .
Оваа опција можете да ја вклучите:
• Откако ќе го притиснете копчето
Start/Pause: копчињата за опциите
и програмата се заклучени.
• Пред да го притиснете копчето
Start/Pause: апаратот не може да се
вклучи.
8.3 Постојано
дополнително плакнење
Со оваа опција можете постојано да
имате дополнително плакнење кога
поставувате нова програма.
• За да ја вклучите/исклучите оваа
опција, притискајте ги истовремено
Time Save и Delay Start сé додека
не се вклучи/исклучи соодветното
показно светло.
9. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
За време на монтажата
или пред првата употреба
може да видите малку
вода во апаратот. Тоа е
преостаната вода останата
во апаратот после
комплетниот
функционален фабрички
тест за да се осигураме
дека апаратот е испорачан
на клиентите во перфектна
работна состојба и нема
никаква основа за грижа.
1. Ставете го приклучокот за струја
во штекерот.
2. Отворете ја славината за вода.
3. Ставете 2 литра вода во фиоката
за детергент за фазата на перење.
Ова го активира системот на цедење.
4. Ставете мала количина детергент
во фиоката за фазата на перење.
5. Поставете ја и стартувајте ја
програмата за памук на
највисоката температура без
алишта.
Ова ја отстранува целата нечистотија
од барабанот и од внатрешноста.
www.aeg.com14
Comments to this Manuals