AEG BS731410HM Recipe Book Page 8

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 12
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 7
прашокот за крем во сад за матење и
добро измешајте.
На крај, внимателно измешајте ги
изматените белки и сувото грозје во
мешавината со урда.
Време во апаратот: 85 минути
Ниво на решетка: 1
1.22 Канелони
Состојки за филот:
50 g кромид, сечкан
30 g путер
350 g спанаќ, сечкан
100 g кисела павлака
200 g свеж лосос, сечкан на коцки
200 g гргеч, сечкан на коцки
150 g шкампи
150 g месо од школки
сол, црн пипер
Состојки за сосот бешамел:
75 g путер
50 g брашно
600 ml млеко
сол, црн пипер и мускатно оревче
Ставете ги заедно со:
1 пакетче канелиони
50 g пармезан, рендан
150 g рендано сирење
40 g путер
Метод:
Ставете ги кромидот и путерот во тава
и гответе ги полека додека не станат
проѕирни. Додајте ги сечканите
листови спанаќ и варете ги кратко и на
тивок оган. Додајте ја киселата
павлака, промешајте и потоа оставете
да се излади.
Во меѓувреме, подгответе го
бешамелот: Растопете го путерот во
тава, додајте го брашното и со
постојано мешање пржете додека не
добие златна боја. Постепено и со
постојано мешање налејте го млекото.
Зачинете го сосот со сол, црн пипер и
мускатно оревче и варете го отворено
околу 10 минути.
Додајте ги лососот, гргечот, шкампите
и месото од школки во изладениот
спанаќ и измешајте.
Премачкајте голем правоаголен
огноотпорен сад со 1 супена лажица
путер.
Наполнете ги канелионите со
мешавината од спанаќ и ставете ги во
сад за печење. Ставете бешамел меѓу
секој ред канелони. Последниот слој
треба да биде бешамел посипан со
сирење. Остатокот од путерот
наредете го во мали парчиња врз
јадењето.
Време во апаратот: 55 минути
Ниво на решетка: 1
1.23 Торта по желба
Упатствата за времето и
температурата се наоѓаат на
пакувањето. Придржувајте се кон
упатствата на производителот.
1.24 Пица по желба
Упатствата за времето и
температурата се наоѓаат на
пакувањето. Придржувајте се кон
упатствата на производителот.
1.25 Компир по желба
Упатствата за времето и
температурата се наоѓаат на
пакувањето. Придржувајте се кон
упатствата на производителот.
*
www.aeg.com8
Page view 7
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12

Comments to this Manuals

No comments