AEG BE3003021M User Manual Page 11

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 52
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 10
8. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
8.1 Внатрешна страна на
вратата
Кај некои модели, на внатрешната
страна на вратата можете да ги
најдете:
Бројот на позиции на решетката.
Информации за функциите за
греење, препорачаните нивоа на
решетките и температурите за
вообичаени оброци.
Температурата и времињата
на печење во табелите се само
водич. Тие зависат од
рецептите и квалитетот и
количината на состојките што
се употребуваат.
Апаратот има пет нивоа за
решетките. Бројте ги нивоата за
решетките од долниот дел на
апаратот.
Апаратот е опремен со специјален
систем кој обезбедува струење на
воздухот и постојано кружење на
пареата. Со овој систем може да
готвите во опкружување со пареа,
со што јадењата ќе останат сочни
одвнатре, а крцкави однадвор. Тоа
ги намалува времето на готвење и
потрошувачката на енергија на
минимум.
На апаратот или на стаклените
плочи на вратата може да
кондензира влага. Тоа е нормално.
Додека готвите, секогаш стојте
подалеку од апаратот кога ја
отворате вратата. За да ја намалите
кондензацијата, загрејте го
апаратот околу 10 минути пред
готвењето.
Избришете ја влагата по секоја
употреба на апаратот.
Кога готвите, не ставајте ги
предметите директно на дното на
апаратот и не покривајте кој било
дел со алуминиумска фолија. Тоа
може да влијае на резултатите на
печењето и да го оштети емајлот.
8.2 Печење колачи
Не отворајте ја вратата на рерната
пред да поминат 3/4 од времето за
печење.
Ако користите два плеха за печење
истовремено, оставете го нивото
помеѓу нив празно.
8.3 Готвење месо и риба
Користете длабока тава за многу
мрсна храна за да спречите појава
на трајни дамки во печката.
Оставете го месото да постои околу
15 минути пред да го сечете за да
не му истечат соковите.
За да спречете појава на многу чад
во печката за време на печењето
месо, додадете малку вода во
длабоката тава. За спречување на
кондензација на чад, додадете вода
секогаш кога истата ќе се исуши.
8.4 Времетраење на
готвењето
Времетраењето на готвењата зависат
од видот на храна, нејзината густина и
зафатнина.
Првично, следете ја ефикасноста кога
готвите. Најдете ги најдобрите
поставки (температура, време на
готвење итн.) за своите садови,
рецепти и количества кога го
користите апаратот.
МАКЕДОНСКИ 11
Page view 10
1 2 ... 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 ... 51 52

Comments to this Manuals

No comments