
10.14 Отворање на капакот
кога работи одложениот
почеток
Додека работи одложениот почеток,
вратата на капакот на апаратот е
заклучена.
За да го отворите капакот на апаратот:
1. Притиснете го копчето Почеток/
Пауза.
Показното светло за заклучување на
капакот
се гаси.
2. Отворете го капакот на апаратот.
3. Затворете го капакот и притиснете
го копчето Почеток/Пауза.
Одложениот почеток продолжува.
10.15 Крај на циклусот
Кога ќе заврши програмата, апаратот
автоматски престанува со работа.
Звучниот сигнал работи (ако е
вклучен).
На екранот се појавува и се
исклучува показното светло за
затворен капак .
Се исклучува показното светло на
копчето Почеток/Пауза.
1. Притиснете го копчето Вклучено/
Исклучено за да го исклучите
апаратот.
По пет минути од завршувањето на
програмата, функцијата за штедење
енергија автоматски го исклучува
апаратот.
Кога го вклучувате
апаратот повторно,
екранот го прикажува
крајот на последната
поставена програма.
Свртете го програматорот
за да поставите нов
циклус.
2. Извадете ги алиштата од
апаратот.
3. Проверете дали барабанот е
празен.
4. Подотворете ја вратата за да
спречите мувла и мириси
10.16 Цедење на вода после
крајот на циклусот
Програмата за перење е завршена,
но има вода во барабанот:
Барабанот се врти редовно за да
спречи туткање на алиштата.
Показното светло за заклучување на
капакот
свети. Капакот останува
заклучен.
Морате да ја исцедите водата за да го
отворите капакот:
1. Ако е неопходно, намалете ја
брзината на центрифугата.
2. Притиснете го копчето Почеток/
Пауза.
Апаратот ја цеди водата и
центрифугира.
3. Кога програмата ќе заврши и
показното светло за заклучена
врата ќе се изгасне
, можете да
ја отворите вратата.
4. Притиснете го Вклучено/Исклучено
неколку секунди за да ја исклучите
машината.
Апаратот се цеди и
центрифугира автоматски
после приближно 18 часа.
10.17 Опција АВТОМАТСКА
состојба на мирување
Функцијата АВТОМАТСКА состојба на
мирување автоматски го исклучува
апаратот за да намали
потрошувачката на електрична
енергија кога:
• не го користите апаратот 5 минути
пред да го притиснете копчето
Почеток/Пауза.
Притиснете го копчето Вклучено/
Исклучено за повторно да ја
вклучите машината.
• По 5 минути од крајот на
програмата за перење
Притиснете го копчето Вклучено/
Исклучено за повторно да ја
вклучите машината.
На екранот се прикажува крајот на
последната поставена програма.
Свртете го програматорот за да
поставите нов циклус.
МАКЕДОНСКИ 25
Comments to this Manuals