AEG L86560TLE1 User Manual Page 5

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 60
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 4
се совпаѓаат, контактирајте со
електричар.
Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
Погрижете се да не предизвикате
штета на приклучокот и кабелот за
струја. Доколку кабелот за струја на
апаратот треба да се замени, тоа
мора да го направи нашиот
сервисен центар.
Поврзете го приклучникот за струја
со штекерот дури на крајот на
монтирањето. Проверете дали
штекерот за струја е пристапен по
монтирањето.
Не повлекувајте го кабелот за струја
за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучникот.
Не допирајте го кабелот за струја
или приклучникот со влажни раце.
Овој апарат е усогласен со
Директивите на ЕЕЗ.
Поврзување со вода
Потрудете се да не ги оштетите
цревата за вода.
Апаратот треба да се поврзе со
довод на вода со користење на
дадените нови комплети на црева.
Не смеат повторно да се користат
старите комплети на црева.
Пред да го поврзете апаратот со
нови цевки или цевки што не биле
користени подолго време, водата
нека тече додека не започне да
тече чиста вода.
Кога за прв пат го користите
апаратот, проверете дали од некаде
протекува.
2.2 Употребa
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од повреди, струен
удар, пожар, изгореници или
оштетување на апаратот.
Користете го апаратот само во
домашни услови.
Не менувајте ги спецификациите на
овој апарат.
Следете ги безбедносните упатства
дадени на пакувањето на
детергентот.
Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи
средства во, блиску до, или на
апаратот.
Погрижете се да ги тргнете сите
метални предмети од алиштата за
перење.
Не ставајте сад под апаратот за
собирање на водата во случај на
протекување. Контактирајте со
сервисот за да проверите кои
додатоци можат да се користат.
2.3 Грижа и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда или
оштетување на апаратот.
Пред одржување, деактивирајте го
апаратот и исклучете го кабелот од
штекерот за струја.
Не користете воден спреј и пареа за
чистење на апаратот.
Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа. Користете само
неутрални детергенти. Не користете
абразивни производи, абразивни
сунѓери за чистење, растворувачи
или метални предмети.
2.4 Фрлање на апаратот
1.
Извадете го приклучокот за струја
од штекерот.
2.
Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
3.
Откачете ја бравата на вратата.
Ова спречува затворање на деца
или галеничиња во апаратот.
Постои опасност од задушување
(се однесува само на апарати кои
се полнат однапред).
МАКЕДОНСКИ 5
Page view 4
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ... 59 60

Comments to this Manuals

No comments