1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги доставените упатства.
Производителот не е одговорен ако неправилната
монтажа и употреба предизвикаат повреди и
оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со
апаратот за идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од задушување, повреда или траен
инвалидитет.
• Овој апарат може да го користат деца на возраст
од 8 години и постари и лица со намалени
физички, сетилни или ментални способности или
со недостаток на искуство и знаење доколку ги
надгледува лице кое е одговорно за нивната
безбедност.
• Деца не смеат да играат со апаратот.
• Чувајте го пакувањето настрана од дофат на
деца.
• Држете ги децата и миленичињата подалеку од
апаратот кога тој работи или кога се лади.
Деловите кои се достапни се жешки.
• Ако апаратот има безбедносен уред за деца, ви
препорачуваме да го активирате.
• Чистењето и одржувањето од страна на
корисникот не треба да го прават деца без
надзор.
1.2 Општа безбедност
• Апаратот се загрева во внатрешноста при работа.
Не допирајте ги грејачите кои се во апаратот.
Секогаш користете ракавици за печка за вадење
или ставање прибор или огноотпорни садови.
МАКЕДОНСКИ 3
Comments to this Manuals