AEG L6FBI27W User Manual Page 26

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 40
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 25
12.2 Тврдокорни дамки
За некои дамки, водата и детергентот
не се доволни.
Ви препорачуваме овие дамки да ги
исчистите пред да ги ставите
алиштата во апаратот.
На располагање има специјални
средства за отстранување дамки.
Користете специјално средство за
отстранување дамки коешто е
соодветно за видот на дамката и
ткаенината.
12.3 Детергенти и други
третмани
Користете само детергенти и други
третмани што се специјално
направени за машини за перење:
прашоци за перење за сите
видови ткаенини, вклучувајќи и
нежни. Подобро е да користите
прашоци за перење кои
содржат средство за белење на
бели алишта и стерилизација
течни детергенти, претежно за
програми за перење на ниски
температури (до 60 °C) за сите
видови ткаенини или
специјални само за волна.
Не мешајте различни видови
детергенти.
Заради заштита на животната
средина, не користете повеќе од
препорачаната количина детергент.
Следете ги упатствата што ќе ги
најдете на пакувањето на
детергентите или другите
третмани, без да го надминете
наведеното максимално ниво
( ).
Користете соодветни детергенти за
видот и бојата на ткаенината,
температурата на програмата и
нивото на извалканост.
12.4 Еколошки практични
совети
Поставете програма за перење
алишта со нормална извалканост
без фаза на претперење.
Секогаш стартувајте ја програмата
за перење со максимален
капацитет на алишта.
Ако вршите претходно третирање
на дамките или користите средство
за отстранување поставете
програма со ниска температура.
За да користите точна количина на
детергент, проверете ја тврдоста
на водата во вашиот дом. Видете
во „Тврдост на водата“.
12.5 Тврдост на вода
Ако тврдоста на водата во вашата
област е висока или средна, ви
препорачуваме да користите адитив
за омекнување на вода. Во областите
каде тврдоста на водата е мека, нема
потреба да го употребувате.
За да ја дознаете тврдоста на водата
во вашата област, јавете се во
локалното претпријатие за водовод.
Користете соодветна количина на
адитив за омекнување на вода.
Секогаш следете ги упатствата што ќе
ги најдете на пакувањето на
производот.
13. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
13.1 Надворешно чистење
Чистете го апаратот само со сапун и
топла вода. Целосно избришете ги
сите површини.
ВНИМАНИЕ!
Не користете алкохол,
растворувачи или хемиски
производи.
ВНИМАНИЕ!
Немојте да чистите
метални површини со
детергент на база на хлор.
www.aeg.com26
Page view 25
1 2 ... 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 ... 39 40

Comments to this Manuals

No comments