AEG L6FBG48S User Manual Page 28

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 40
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 27
12. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
12.1 Надворешно чистење
Чистете го апаратот само со сапун и
топла вода. Целосно избришете ги
сите површини.
ВНИМАНИЕ!
Не користете алкохол,
растворувачи или хемиски
производи.
ВНИМАНИЕ!
Немојте да чистите
метални површини со
детергент на база на хлор.
12.2 Отстранување бигор
Ако тврдоста на водата во
вашата област е висока
или средна, ви
препорачуваме да
користите средство за
отстранување бигор за
машини за перење.
Редовно проверувајте дали има бигор
нафатено на барабанот.
Регуларните детергенти содржат
агенси за омекнување на водата, но
ви препорачуваме повремено да
пуштите циклус со празен барабан и
производ против бигор.
Секогаш следете ги
упатствата што ќе ги
најдете на пакувањето на
производот.
12.3 Перење за одржување
Со програмите за ниска температура
можно е да остане малку детергент во
барабанот. Редовно пуштајте миење
за одржување. Направете го следното:
Извадете ги алиштата од
барабанот.
Одберете памучна програма со
највисока температура или
употребете ја ако е достапна
програмата Машинско чистење.
Додадете мала количина на
детергент во прав во празниот
барабан, за да ги исплакнете сите
преостанати остатоци.
12.4 Дихтунг на вратата
Редовно прегледувајте го дихтунгот и
вадете ги сите предмети од
внатрешниот дел.
12.5 Чистење на барабанот
Редовно прегледувајте го барабанот
за да спречите појава на 'рѓа.
За темелно чистење:
1. Чистете го барабанот со
специјални производи за
не'рѓосувачки челик.
Секогаш следете ги
упатствата што ќе ги
најдете на пакувањето на
производот.
2. Пуштетете кратка памучна
програма на висока температура
или употребете ја ако е достапна
програмата Машинско чистење.
Додадете мала количина на
детергент во прав во празниот
барабан, за да ги исплакнете сите
преостанати остатоци.
12.6 Чистење на дозерот за
детергент
За да спречите таложење наслаги од
исушен детергент или задтнување со
омекнувач за ткаенини и/или
формирање мувла во фиоката за
дозирање детергент, повремено
спроведувајте процедура за чистење:
www.aeg.com28
Page view 27
1 2 ... 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 ... 39 40

Comments to this Manuals

No comments