• Доколку се оштети кабелот за напојување, тој
треба да биде заменет од страна на
производителот, негов Овластен сервисен центар
или слично квалификувани лица за да се избегне
опасност.
• Ставете ги ножевите и приборот со остри врвови
во корпата за приборот за јадење со врвовите
надолу или во хоризонтална положба.
• Не ја чувајте вратата на апаратот отворена без
надзор за да спречите да не паднете врз неа.
• Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го штекерот за струја од приклучницата.
• Не користете вода во спреј и/или пареа за чистење
на уредот.
• Отворите за вентилација во основата (ако ги има)
не смеат да бидат попречени од килим.
• Апаратот треба да се поврзе со довод на вода со
користење на приложените нови комплети црева.
Старите комплети црева не смеат да се користат
пак.
2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
2.1 Монтажа
• Извадете ја целата амбалажа.
• Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
• Немојте да го монтирате ниту да го
користите апаратот во околина
каде температурата е под 0°C.
• Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
• Проверете дали апаратот е
монтиран под или во близина на
безбедна структура.
2.2 Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен
удар.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката
со спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не
се совпаѓа, контактирајте со
електричар.
• Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
• Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
• Погрижете се да не ги оштетите
приклучокот за струја и кабелот.
Доколку кабелот за струја на
апаратот треба да се замени, тоа
мора да го направи нашиот
Овластен сервисен центар.
• Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од
монтажата. Проверете дали
приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
• Не повлекувајте го кабелот за
струја за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
www.aeg.com4
Comments to this Manuals