Завршување на програмата за миење
• Машината автоматски ќе престане и се слуша звучен сигнал што ве
известува за завршувањето на програмата за миење.
• Кога завршила програма за миење, оптичкиот сигнал на подот под
вратата на машината ќе се изгасне.
1. Отворете ја вратата на машината.
Светлото на штотуку завршената програма останува запалено.
2. Исклучете ја машината со притискање на копчето вклучување/
исклучување.
3. Оставете ја вратата за миење подотворена и почекајте неколку
минути пред да ги извадите садовите; така тие ќе бидат поизладени и
сушењето ќе биде подобро.
Кога ќе заврши програмата за миење, се препорачува машината за
миење садови да се исклучи од струја и да се затвори доводот за вода.
Празнење на машината за миење садови
• Жешките садови се чувствителни на удари.
Затоа садовите треба да се остават да се изладат пред да ги извадите
од апаратот.
• Првин испразнете ја долната корпа, а потоа горната; така ќе избегнете
водата да капе од горната корпа на садовите во долната корпа.
• Може да се појави кондензација од страните на вратата на машината
за миење садови бидејќи не'рѓосувачкиот челик побрзо се лади од
садовите.
ВНИМАНИЕ
Кога ќе заврши програмата за миење, се препорачува машината за
миење садови да се исклучи од струја и да се затвори доводот за вода.
Нега и чистење
Чистење на филтрите
Филтрите мора повремено да се проверуваат и чистат. Валкани филтри
ги влошуваат резултатите на миењето.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Пред да ги чистите филтрите, проверете дали машината е исклучена.
1. Отворете ја вратата, извадете ја долната корпа.
50
Празнење на машината за миење садови
Comments to this Manuals