AEG EE3013021M User Manual Page 30

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 29
10.1 Забелешки за
чистењето
Предниот дел на апаратот чистете
го со мека крпа натопена со топла
вода и средство за чистење.
За чистење на металните површини
употребете вообичаено средство за
чистење.
Чистете ја внатрешноста на
апаратот по секоја употреба.
Насобирањето на мрснотии или
други остатоци од храна може да
резултира со пожар. Ризикот е
поголем кај тавата со решетка.
Тврдокорната нечистотија
исчистете ја со специјално
средство за чистење печки.
Чистете го целиот прибор после
секоја употреба и оставете го да се
исуши. Користете мека крпа
натопена со топла вода и средство
за чистење.
Ако имате нелеплив прибор, не
чистете го со агресивни средства
или остри предмети, ниту пак во
машина за миење садови. Тоа
може да предизвика оштетување на
нелепливиот слој.
10.2 Вадење на држачи на
решетки
За да ја исчистите рерната, извадете
ги држачите за решетки.
1. Повлечете го предниот дел од
држачите настрана од страничниот
ѕид.
2. Повлечете го задниот дел од
држачите настрана од страничниот
ѕид и извадете го.
1
2
Монтирајте ги држачите на решетките
по обратен редослед.
Иглите за држење на
телескопските шини мора
да се насочени напред.
10.3 Таван на рерната
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Исклучете го апаратот
пред да го извадите
греачот. Проверете дали
апаратот е ладен. Постои
опасност од изгореници.
Извадете ги држачите на решетката.
Можете да го преклопите надолу
греачот на таванот на рерната за
полесно да го исчистите таванот на
рерната.
1. Држете го греачот со двете раце
на предната страна.
2. Повлечете го нанапред спротивно
на притисокот на пружината и
нанадвор по должината на
држачите на двете страни.
Греачот се преклопува надолу.
3. Чистење на таванот на рерната.
4. Монтирајте го греачот по обратен
редослед.
www.aeg.com30
Page view 29
1 2 ... 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36

Comments to this Manuals

No comments