AEG ABB68211AF User Manual Page 24

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 32
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 23
Околу 12 часа пред
одмрзнувањето, поставете
пониска температура, за
да се насоберат доволно
резерви студ за прекинот
на работата.
На полиците на замрзнувачот и околу
најгорната преграда секогаш ќе се
формира одредена количина мраз.
Одмрзнете го замрзнувачот кога
слојот мраз ќе достигне дебелина од
околу 3-5 mm.
1. Исклучете го апаратот и извлечете
го приклучникот од ѕидниот
штекер.
2. Извадете ја храната, завиткајте ја
во неколку слоја весник и ставете
ја на студено место.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не допирајте ги
смрзнатите работи со
мокри раце. Рацете
може да ви се залепат
на смрзнатата храна.
3. Оставете ја вратата отворена.
За да се забрза одмрзнувањето,
ставете сад со топла вода во
комората за замрзнување. Освен
тоа, отстранете ги парчињата мраз
што се откачуваат пред да заврши
одмрзнувањето.
4. Кога одмрзнувањето ќе заврши,
темелно исушете ја внатрешноста.
5. Вклучете го апаратот.
По 3 часа, вратете ја храната што
претходно ја извадивте во комората за
замрзнување.
6.6 Периоди на неработење
Кога апаратот не се користи подолго
време, преземете ги следниве мерки
за заштита:
1. Откачете го апаратот од
електричната мрежа.
2. Извадете ја сета храна.
3. Одмрзнете ги (ако е потребно) и
исчистете го апаратот и сите
додатоци.
4. Оставете ја вратата/вратите
отворени за да спречите
непријатни миризби.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ако фрижидерот треба да
остане вклучен, замолете
некого да го проверува
повремено за да не се
случи храната да се
расипе во случај на
снемување струја.
7. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
7.1 Што да направите ако...
Проблем Можна причина Решение
Апаратот не работи. Апаратот е исклучен. Вклучете го апаратот.
Приклучокот за струја не е
правилно ставен во
штекерот.
Правилно ставете го
приклучокот за струја во
штекерот.
Во штекерот нема напон. Приклучете некој друг
електричен апарат во
штекерот. Побарајте
квалификуван електричар.
www.aeg.com24
Page view 23
1 2 ... 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32

Comments to this Manuals

No comments