AEG SCE81824TS User Manual Page 31

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 40
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 30
5.5 Совети за замрзнување
За најдобро користење на процесот на
замрзнување, еве неколку важни
совети:
максималната количина на храна
којашто може да биде замрзната во
рок од 24 часа е прикажана на
плочката со спецификации;
процесот на замрзнување трае 24
часа и за време на овој период не
треба да се става дополнителна
храна;
замрзнувајте само квалитетна,
свежа и убаво измиена храна;
поделете ја храната во мали
порции за да може брзо и целосно
да се замрзне и за да овозможите
одмрзнување само на потребните
количества;
завиткајте ја храната во
алуминиумска или пластична
фолија убаво и стегнато;
не дозволувајте свежата,
несмрзната храна да ја допира
храната што е веќе смрзната, за да
не ја загреете втората;
посната храна се чува подобро и
подолго од мрсната; солта го
намалува рокот на чување на
замрзнатата храна;
водениот мраз, ако се конзумира
веднаш по вадењето од преградата
на замрзнувачот, може да
предизвика смрзнатини на кожата;
препорачливо е да се запише
датумот на замрзнување на секое
пакување за да можете да водите
сметка за времето на чување.
5.6 Совети за чување
замрзната храна
За да добиете најдобри перформанси
од апаратот, почитувајте ги следниве
напомени:
проверете дали готовите замрзнати
прехранбени продукти биле
соодветно чувани кај продавачот;
погрижете се замрзнатите
прехранбени продукти да се
пренесат од продавницата до
замрзнувачот во најкраток можен
рок;
не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго
отколку што е неопходно;
штом ќе се одмрзне, храната се
расипува брзо и не може повторно
да се замрзне;
не надминувајте го препорачаниот
период за чување означен од
страна на производителот.
6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
6.1 Општи предупредувања
ВНИМАНИЕ!
Исклучете го апаратот од
струја пред да вршите
каква било постапка за
одржување.
Овој апарат содржи
хидрокарбонати во
одделот за ладење; затоа
оддржувањето и
повторното полнење мора
да биде направено од
овластени техничари.
Додатоците и деловите од
апаратот не се соодветни
за миење во машина за
миење на садови.
МАКЕДОНСКИ 31
Page view 30
1 2 ... 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 ... 39 40

Comments to this Manuals

No comments