AEG BS9314401M User Manual Page 24

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 52
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 23
потквасено тесто што ви се допаѓа.
Оваа функција ви обезбедува добра
околина за нараснување на тестото.
Ставете го тестото во сад кој е
доволно длабок за нараснување и
покријте го со влажна крпа или
пластична фолија. Ставете решетка
на ниво 1 и поставете го садот на неа.
Затворете ја вратата и поставете ја
функцијата за стасување тесто.
Поставете го потребното време.
11.3 Готвење на пареа
Садови за готвење на пареа
Користете само садови за готвење
отпорни на топлина и корозија или
хромирани садови за храна (само за
одредени модели).
Положби на решетките
Точните позиции на решетката се
ставени во табелата подолу.
Позициите на решетката се бројат
од долу кон горе.
Општи забелешки
При готвење подолго од 30 минути
или при готвење големи количини
храна, додајте вода ако е
неопходно.
Ставете ја храната во соодветните
садови за готвење и ставете ги
садовите на решетките. Погрижете
се да има растојание меѓу
решетките за да може пареата да
циркулира околу секој сад.
После секоја употреба, извадете ја
водата од фиоката за вода,
поврзувајќи ги цревата и
генераторот на пареа. Видете во
поглавјето „Нега и чистење“.
Забелешки за табелите за готвење на
пареа
Табелите даваат податоци за
вообичаените јадења.
Температурата и времето се само
како водич и зависат од типот,
димензиите и количината на храна
и од садовите.
Користете го скоро истиот рецепт
ако не можете да ги најдете
поставките за вашиот рецепт.
Започнете ја процедурата со ладна
печка ако податоците во табелите
се различни.
При готвење ориз, користете однос
на вода и ориз од 1,5:1 - 2:1 бидејќи
оризот апсорбира вода.
11.4 Табела за вода за пареа
Вода во фиоката за вода (ml)
Време
1)
(мин.)
400 15 - 25
600 25 - 40
800 40 - 50
1)
Времињата се само како водич.
11.5 Со пареа/Еко пареа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не ја отворајте вратата на
апаратот кога функцијата е
активирана. Постои опасност
од изгореници.
Функцијата важи за сите видови на
храна, свежа и замрзната. Може да ја
користите за готвење, загревање,
динстање или бланширање на
зеленчук, месо, риба, тестенини, ориз,
пченка, гриз и јајца.
Менија за готвење: Можете да
подготвите целосен оброк со едно
готвење. За правилно готвење на
секое јадење, користете ги оние со
времиња на готвење што се скоро
исти. Додајте ја најголемата потребна
количина на вода за едно од јадењата
што се готви. Ставете ги јадењата во
правилните садови за готвење и
потоа на решетките во рерната.
Нагодете го растојанието помеѓу
садовите за да дозволите циркулација
на пареата.
Стерилизација
Со оваа функција можете да ги
стерилизирате садовите (на пр.
шишињата за бебиња).
24
www.aeg.com
Page view 23
1 2 ... 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 ... 51 52

Comments to this Manuals

No comments